Поврзете се со нас

Свет

Чалханоглу: Јас сум најдобриот играч за врска во Европа

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Хакан Чалханоглу одигра многу важно улога во лигашата титула на Интер, 20. јубилејно Скудето во Серија А.

Турскиот ас постигна 13 гола и забележа 3 асистенции на 32 натпревари, изданија кои дефинитивно ја зголемија неговата самодоверба, па тој уште една порача дека се гледа себеси како најдобриот играч од средината на теренот во Европа.

-Како што веќе многу пати реков, така се чувствувам. Добро знам дека има многу шампиони, но напредувам и растам, -рече Чалханоглу кој се надева на добар настап со Турција на Европското првенство кое ќе се одржи во Германија.

-Се надевам дека ќе биде така и среќен сум што ќе продолжам да играм, бидејќи работиме многу добро и се надевам дека можеме да направиме голема работа за нашата земја. Ни треба и силата на нашите навивачи, -порача Хакан.

Ривали на Турците се Португалија, Чешка и дебитантот Грузија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни