Чалханоглу изнесе свој доказ и обвини за двојни аршини околу судењето пенали: Немам коментар (Фото)

hakan-pjanic

Играчите на Милан со лоши импресии го завршија вчерашниот меч со Јувентус, не само поради тоа што пропуштија победа и предност пред реваншот во полуфиналето, туку и поради начинот на кој гостите од Торино стигнаа до израмнување од 1:1.

Калабрија во скок несакајќи играше со раката и спречи ударот на Кристијано Роналдо да заврши во рамките на голот кој го бранеше Донарума, а иако Валери првично не реагираше, по прегледувањето на ВАР снимката процени дека има повеќе од доволно елементи да покаже на белата точка. Сигурен изведувач на најстрогата казна беше Кристијано Роналдо кој ги постави конечните 1:1 во 90-та минута, а во низата на поплаки кои изобилуваа од страна на навивачите на Милан се приклучи и Хакан Чалханолгу кој обвини за двојни аршини.

Играчот за врска на Милан направи споредба од две ситуации, првата доаѓа од минатата сезона кога не беше досуден пенал за Милан по играње со рака на Сандро, а втората е онаа од синоќа кога Валери со помош на ВАР досуди најстрога казна.

– Немам коментар…, – гласи објавата на Чалханоглу.
hakan-calha

Facebook Коментари