Италија
Чалханоглу: Интер не се исплаши од Сити, докажавме…
Интер оствари позитивен резултат против Манчестер Сити и тоа на „Итихад“, место на кое ретко кој клуб успева да остане непоразен и во исто време да остави добар впечаток.
Калчолигашот се избори за реми без погодоци и тоа уште еднаш потврди дека знае да биде незгоден за премиерлигашот кој не се изнаигра и во финалето во 2023 година, финале во кое важеше за фаворит исто како и на вчерашниот натпревар.
Во таборот на „нероаѕурите“ се задоволни од прикажаното во Манчестер и смеаат дека покажале дека се рамноправни со англискиот првак
-Одигравме добар натпревар против силен тим. Пробавме сè, имавме шанси за гол, многу шанси, двата тима покажаа добар фудбал. Бевме солидни и среќни сме со ремито.
-Во овие натпревари треба да бидете целосно сконцентрирани 90 минути. Создадовме шанси, можевме да постигнеме гол, ама тоа не го направме, но истото важи и за нив. Мислам дека еден бод е добар за двете екипи. Уживавме против многу силен тим и можевме да победиме, но со вистинската храброст и дух на пожртвуваност, докажавме дека можеме да се бориме против секого, -рече Хакан Чалханоглу и додаде:
-Сакавме да покажеме дека не се плашиме да играме овде. Играме фудбал како што играат тие, со пожртвуваност покажавме дека и ние можеме да играме фудбал. Знаеме дека Манчестер Сити никогаш не губи овде дома и земавме бод со нас. Сакаме да продолжиме вака, докажувајќи кој е Интер, -подвлече Турчинот.
-
Лига на нации23 часа
Димитриевски: Верувам дека нема да примам гол, со победа…
-
Шпанија23 часа
Иниеста за тврдењата дека е навивач на Реал: Кажани се работи…
-
Балкан24 часа
Капитенот на Задар скокнал во море за да спаси давеник
-
Лига на нации19 часа
Митровиќ со супер гол ја запечати победата на Србија, Шпанија во финишот ја „скрши“ Данска (ВИДЕО)
-
Лига на нации20 часа
Фудбалерите тренираа во Ереван, подготвени се за жестока битка со Ерменците (ФОТО)
-
Македонија21 час
Антоан херој, Пелистер го сруши шампионот во Битола
-
Лига на нации24 часа
Англиски судии ќе ја делат правдата на мечот Ерменија-Македонија
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ: Синер е број еден, но јас дојдов овде по стотиот трофеј