Поврзете се со нас

Италија

Чалханоглу им се обрати на тифозите на Интер по најавата за сензационален трансфер во Баерн (Фото)

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Хакан Чалханохлу има огромна обврска на Европското првенство како турски капитен, но играчот за врска се најде во средина на шпекулации поради информациите кои пристигнаа од Италија и Германија.

Чалханоглу се поврза со сензационален трансфер во Баерн Минхен и Италијанците почнаа да пишуваат за големо незадоволство во таборот на Интер, но бидејќи реакциите навистина се интензивираа, сега со своја објава во јавнсота се јави и самиот фудбалер.

Хакан реши да стави крај на новонастанатата ситуација, такашто демантираше била каква поврзаност со Баерн и заминување од „Џузепе Меаца“.

– Како резултат на последните гласини кои циркулираат во јавноста, сакам да ја искористам оваа прилика за директно да се обратам. Досега се држев на страна од шпекулациите и главен фокус ми е Европското првенство.

– Сепак, сега сметам дека е вистински момент за соопштение, со цел да се избегнат било какви недоразбирања. Јас сум ектремно среќен во Интер. Врската која ја имама со клубот и со фановите е посебно специјална. Заедно оставривме голееми работи и со нетрпение чекам да освоиме нови трофеи заедно во иднина. Во моментов сум концентриран да ги направам среќни луѓето од мојата земја. Ви благодарам за разбирањето и за поддршката. Форца Интер, ваш Чалха, – им порача Турчинот на навивачите на Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни