Италија
Чалханоглу дрско му возврати на Ибра за прозивките од шампионската парада на Милан

Хакан Чалханоглу направи предавнички трансфер од Милан во Интер пред една година и нагласи дека го прави тоа за да го освои Скудетото, но за негова несреќа, титулата замина токму во клубот кој го напушти и трофејот од Серија А се врати кај „росонерите“ по пауза од 11 години.
Ова му донесе голем сеир на Турчинот на социјалните мрежи од страна на фановите на Милан, но тој беше предмет за потсмев и за време на шампионската парада во Милано благодарение на Златан Ибрахимовиќ.
Ибра не можеше да одолее и ги праша навивачите „имате ли порака за Хакан“, по што следеа жестоки навреди и исмевања за играчот за врска кој мораше да гледа како неговиоте поранешни соиграчи излегуваат поуспешни во шампионската битка.
Чалханоглу досега стоеше дистанциран од провокациите и прозивките од Ибра, но сега реши да му одговори на доста дрзок начин, нагласувајќи дека Златан речиси и да немал никакво влијание на теренот во шампионскиот пат на Милан.
– Ибрахимовиќ има 40 години и јас не би направил такво нешто на негова возраст, тоа се прави на 18 години. Тој сака да биде во центарот на вниманието. Оваа година тој немаше никакво влијание за Скудетото, едноставно не придонесе многу бидејќи речиси да не играше. Но, тој прави се за да го привлече вниманието на фановите.
– Тоа не е фер од личност која секогаш ми се јавуваше во Милано и која сакаше да излегува на вечера со мене и заедно да возиме мотори. Го почитував и јас така гледам на ова, тој пишуваше за мене и во неговата книга, мораше да пишува се за книгата да не му биде празна. Нема директно да му одговорам, подобро е да не го правам тоа, – вели Чалханоглу во интервјуто за „Тивибу Спор“.
-
Македонијапред 4 часа
Стојаноски: Владата ни вети помош од 2,5 милиони евра, ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ
-
Светпред 20 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 21 час
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Мото ГПпред 20 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)
-
Италијапред 23 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Англијапред 18 часа
Во октомври му беше дијагностициран рак, сега ќе игра во Премиер лигата, а ќе чека шанса и на Мундијалот
-
Англијапред 17 часа
Манчестер Јунајтед за десет милиони евра продава играч на ривал од Премиер лигата