Поврзете се со нас

Свет

Чалханоглу блескаше во гол шоуто на Интер, Баерн никако да победи (ВИДЕО)

Објавено

на

Италијанскиот шампион Интер забележа убедлива победа над Кротоне од 6-0 во вечерашната контролка која е дел од подготовките за предизвиците во натпреварувачката 2021/2022.

Во центарот на вниманието беше новото засилување Чалханоглу кој беше автор на еден гол и дури три асистенции при погодоците на Димарко, Сатријано и Пинамонти.

Кога е во прашање листата на стрелци во истата се запишаа уште Сенси и Брозовиќ.

Од друга страна Баерн Минхен под водство на новиот тренер Јулијан Нагелсман никако не успеава да победи. Подобар од Баерн денеска беше ривалот од Бундеслигата, Борусија Менхегладбах со 2-0 со головите на Волф и Венцел во вториот дел.

Германскиот првак претходно ремизираше со Ајакс (2-2) и загуби од Келн (3-2).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни