Чаирчани со шампионски амбиции: Вујчиќ е новото засилување на Шкупи (Фото)

Vujic Skupi

Чаирскиот прволигаш Шкупи продолжува да работи на новите засилувања во своите редови. Со доаѓањето на новиот спонзор, се зголемија и амбициите на чаирчани. По доведувањето на Благојче Љамчевски и  Рон Броја од Косово, тие пред извесно време го пикираа играчот на Шкендија Стефан Вујчиќ и успеаа да го убедат да дојде во нивните редови. Иако се очекуваше дека овој играч ќе биде новото засилување на Работнички, сепак тој потпиша договор до крајот на сезоната со чаирскиот клуб, со клаузула за продолжување на уште една година. Вујчиќ претходно има играно за германски Холштајн Кил, Работнички, хрватски Интер Запрашиќ, а во изминативе години го носеше дресот на Шкендија.

Facebook Коментари