Поврзете се со нас

Македонија

Чаирчани ја „раситнија стотката“ против Вардар

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Составот на Чаир 2030 ја продолжи серијата на добри резултати и го реши Вардар со 104:80 во средбата од 6.коло во Првата лига.

Убедливиот триумф беше најавен веќе во првата четвртина која заврши со резултат 26-7, предност која продолжи да расте и во вторите 10 минути по што домаќините на пауза заминаа со позитива од 58:30.

Во третата и четвртата четвртина „црвено-црните“ го поправија впечатокот, беа за нијанса подобри, па на крајот загубија со „само“ 24 разлика.

Кели со учинок од 38 поени и 11 скока беше прво име кај чаирчани, Мофит додаде 15, а Реџа 14 кошеви. Стивенс со 12 беше единствениот играч кај Вардар со двоцифрен број на кошеви.

И на другите две денешни средби славеа домашните клубови и тоа Шкупи над Тиквеш и Кожув против МКК Куманово.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни