Поврзете се со нас

Македонија

Чаирчани имаат големи амбиции: Шкупи потврди уште две засилувања пред новите предизвици во Првата лига

Објавено

на

Првата македонска фудаблска лига веќе е во тек, но пред финишот на преодниот рок во нашата земја, Шкупи одлучи дополнително да го засили тимот со две нови имиња.

Клубот од Чаир има навистина големи амбиции за оваа сезона и одлично ја започна истата, бидејќи по четири одиграни кола е на делба на првото место на табелата со Силекс.

Шкупи оствари три победи и има едно реми во првите четири натпревари, а тимот кој го предводи Бајрами сега ќе биде посилен за уште двајца нови фудбалери.

Салим Фарсак и Меригим Дани се новите двајца фудбалери кои беа потврдени вечерва, со тоа што овој првиот е далеку поквалитетен играч кој всушност е член на Башакшехир

Фарсак пристигнува во Шкупи на двегодишна позајмица, додека Дани пристигна во Чаир од редовите на Влазерими.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни