Поврзете се со нас

Македонија

Чаир го сруши и Пелистер, МЗТ ја доби скопската пресметка

Објавено

на

Екипите на Чаир 2030 и МЗТ Скопје издвојуваа победи на двете последнит средби од осмото коло од Првата кошаркарска лига.

Чаир кој дефинитивно е најпријазното изненадување во досегашниот дел од шампионат славеше над Пелистер со 87:80, поточно му ја прекина серијата од пет победи на амбициозниот состав од Битола.

Домашниот тим имаше одлична прва четвртина која ја реализираше со 25-13 и воден од истата потоа знаеше како да се одбрани, ја сочува предноста и дојде до уште еден значаен резултат.

Мофит постигна 26, Корбет имаше 17 кошеви. Магдевски и Мијовиќ имаа по 16 поени за битолчани.

Во скопскиот дуел ТФТ загуби од првакот МЗТ Скопје со 68:63. Ова беше интересен дуел во кој избраниците на Атанасов за нијасна подобро се снајдоа во вториот дел и со тоа обезбедија седми триумф во осмиот лигашки меч.

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО

Чаир 2030 – Пелистер     87:80

ТФТ Моцарт – МЗТ Скопје Аеродром           63:68

Феникс 2010 – Еуро Никел 2005         49:47

Навико Академија ФМП – Кожув       93:83

Работнички – Охрид       86:56

Вардар – Гостивар           75:90

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни