Поврзете се со нас

Европски купови

Чаир доби чешки ривал во осминафиналето на Европскиот куп на ЕХФ

Објавено

на

Foto: FB/WHC ÇAIR

Ракометарките на Чаир остварија голем успех со пласманот во осминафиналето на Европскиот куп на ЕХФ, а денеска го добија и следниот противник во ова натпреварување.

Ждрепката најави двомеч на македонскиот претставник со чешки ривал, односно Славија Прага, а Чаир како носител ќе ја има предноста на домашен терен на реваншот.

Славија има настапувано во оваа фаза и во сезоната 2020/21, а годинава дојде до осминафиналето преку двомеч со италијанскиот ривал Јоми Салерно.

Чаир пак два пати славеше против Колехио Де Гаиа и го доби двомечот со вкупен резултат 57:51.

Првите натпревари од осминафиналето ќе се играат на 11/12 јануари, додека реваншите се закажани за 18/19 јануари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни