Поврзете се со нас

Балкан

Чачиќ ги расчисти сите дилеми околу иднината на Адеми: Не можеме да го пуштиме!

Објавено

на

foto: https://twitter.com/gnkdinamo/Pixsell

Динамо Загреб дојде до првиот триумф во новата календарска година, триумф над Локомотива од 2-1 во средба во која во листата на стрелци се запиша нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Ристовски ја најави првата победа на Динамо во 2023 година (ВИДЕО)

Ристовски го одигра целиот меч исто како и другиот македонски ас во дресот на хрватскиот шампион, Аријан Адеми. Токму околу Адеми многу се говореше во текот за изминатава седмица, имаше вести за нарушени односи со тренерот, неговото незадоволство, потоа имаше и официјално соопшѕение во клубот во кои се деменатираа информации.

Точно е дека на адреса на Адеми има интересни понуди, ама Динамо не планира да го пушти и тоа јасно го посочи предводникот на екипата, Анте Чачиќ.

-Бев јасен пред десет дена. Единствениот што може да замине е Ливаковиќ, сите остануваат. Нема да го пуштиме да си замине без разлика на понудите, -порача Чачиќ кој со ова ги реши сите дилеми околу иднината на големиот борец кој е под договор до 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни