Балкан
Чачиќ: Адеми си оди за финансиски да го осигура семејството

Динамо има убедлива предност на табелата како првопласиран тим во Хрватска, но бидејќи влезе во лоша серија од едно реми и два порази во низа, шампионот ќе мора да се докажува утре во големото дерби против Ријека.
Големото дерби кое ќе се игра на „Максимир“ ќе има посебен шмек во Загреб и поради прошталниот меч кој ќе го одигра Аријан Адеми, кој 24 часа по утрешниот меч ќе биде во Кина, каде веќе си договори трансфер за заработка од 1,65 милион евра по сезона.
После цели 13 години, капитенот на Димано си оди од саканиот клуб и прави трансфер далеку од Европа, а повеќе од јасно е дека тоа го прави за финансиски да се обезбеди до крајот на животот.
– Сега ни доаѓа ера без Адеми во тимот и ќе мора да се навикнеме на тоа. Утре ќе го одигра прошталниот меч, ќе стави крај на своите најдобри 13 години. 13 години му посвети на Динамо и сега ние му ја исполнуваме желбата. Сакаше финансиски да ја осигура иднината на своето семејство и сака да се прости од Динамо додека е на врвот.
– Не сака да биде товар за клубот за година или две, Аријан е наша легенда, пример за сите соиграчи. Благодарни сме му за се, навистина заслужи од секој аспект да биде испратен онака како што заслужува. Ќе направиме се прошталниот меч да го памети по добро, – изјави тренерот Анте Чачиќ.
-
Балканпред 14 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 21 час
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 13 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
НБАпред 12 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Хојбјерг за искрениот Конте: Мора да ги образложи критиките пред нас…