Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чаби со големи проблеми пред предизвикот во ЛШ: Ако ми дадат дозвола и јас би заиграл на теренот…..

Објавено

на

Foto:x.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен се соочува со доста проблеми во сезоната во која го брани приматот на германски шампион, пред се поради пристапот кој го имаат ривалите во пресметките со „фармацевтите“, но и поради големиот број на повредени играчи.

Чаби Алонсо во моментов има на располагање само 13 играчи од првиот тим и му недостасуваат низа клучни фудбалери како Терие, Хогман, Бонифејс, Адли, Мукиеле и Белосијан, па поради тоа Шпанецот беше принуден да повика тројца играчи од младинскиот тим за мечот со Ред Бул Салцбург во Лигата на шампиони.

Меѓу повиканите е и 16-годишното момче, Бен Хавигорст, кој сега може да дочека шанса на толку рана возраст да дебитира во најелитното натпреварување.

– Ако сакаме да се пласираме меѓу осумте најдобри, следните два меча на домашен терен се клучни. Знаеме колку е важно да победиме против Салцбург и Интер. Прво на програмата е Салцбург, играат со голем интезитет, мора да дојдеме до три бода на „БајАрена“.

– Имаме проблеми, но мора да ги оставиме настрана. Ако можеше спортскиот директор да ми даде договор како играч, ќе заиграв и јас на теренот. За жал, имам договор само како тренер и не ми е дозволено да играм на теренот, – шеговито дополнил Чаби.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни