Поврзете се со нас

Шпанија

Чаби Алонсо: Времето минува, но мојата врска со Реал останува незаборавна

Објавено

на

Foto:x.com/bayer04fussball

Чаби Алонсо се обидува да се фокусира на сегашноста и блиската иднина која ја има како тренер на Баер Леверкузен, но сосема очекувано, пред натпреварот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони, не можеше да ги избегне прашањата поврзани за негово евентуално преземање на Реал Мадрид.

Многумина го гледаат шпанскиот стручњак како идеален кандидат за клупата на Реал и природен наследник на Карло Анчелоти, па иако се прогнозира дека тоа може да се случи уште следново лето, Чаби денеска се обиде доста џентлменски да ги избегне сите овие шпекулации.

– Минува времето, минаа доста години, но мојата љубов кон Реал останува иста, нашата врска останува незаборавна. Благодарен сум за силната врска која ја создадовме, доживеав многу убава етапа во клубот како играч.

– Тоа беа тешки и интензивни години, страдавме додека да го оствариме тоа што најмногу сакавме, но откако го направивме тоа, бевме свесни дека тоа ќе трае вечно и дека ќе биде дел од историјата.

– Не сум подготвен за прашања поврзани за моја иднина во Реал. Не сум вознемирен од тие прашања, ниту сум изненаден. Во овој момент мислам само на Атлетико и на нашите цели до крајот на сезоната. Во овој момент подготвен сум само за тоа, – изјави Чаби Алонсо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни