Свет
Чаби Алонсо му додели два фантастични епитети на Гвардиола
Чаби Алонсо во својата богата кариера имаше можност да соработува со страшни тренерски имиња, примери кои дури и него го натераа да влезе во истите води и да почне таква епизода во својот живот.
По завршувањето на професионаланта играчка кариера, Чаби се насочи кон изучување на тренерските предзивици и сега е предводник на вториот тим на Реал Сосиедад, но бидејќи во последно време го поврзуваа и како потенцијален кандидат за помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, Чаби одлучи да даде опис за својот ментор од Баерн Минхен.
Алонсо не даде коментар за шпекулациите кои ги пишуваат медиумите, но затоа му додели два фантастични епитети на својот сонародник кој навистина внесе неколку иновации во фудбалот во последниве десет години.
– Пеп правеше визуелизација за натпреварот пред да се одигра. Ни кажуваше, денес ќе се случи ова, и потоа навистина се случуваше тоа што ќе го каже.
– Бевме чекор пред противникот со неговите подготовки, можевме да направиме прогноза што ќе се случи на теренот. Тој е фудбалски гениј и визионер, – порачува Чаби.
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства24 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…