Поврзете се со нас

Германија

Чаби Алонсо има интересна клаузула: Може да го напушти Баер по понуда од три клуба

Објавено

на

Foto:instagram.com/xabialonso

Чаби Алонсо најави сериозен тренерски потенцијал со работата во Баер Леверкузен, а шпанските медиуми го промовираат како најсигурна варијанта за наследник на Карло Анчелоти во Реал Мадрид.

Поранешниот шпански репрезентативец долго е поврзуван со својот екс клуб, а „Билд“ откри дека во договорот со Баер има и клаузула која ќе му овозможи лесно да ја прифати понудата на Флорентино Перез.

Алонсо има договор со „фармацевтите“ до 2026 година, но во него и клаузула според која може да замине ако добие понуда од три клуба.

Се работи за Реал Мадрид, Баерн Минхен и Ливерпул, или тројката европски великани во кои Шпанецот настапуваше како професионален фудбалер, а чија клупа може да ја преземе без поголем проблем.

Баер во моментов има 19 бода од 7 натпревари и е на чело на табелата во Бундеслигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни