Поврзете се со нас

Германија

Чаби Алонсо донесе конечна одлука и стави крај на шпекулациите за својата иднина

Објавено

на

foto:twitter.com/bayer04fussball

Екипата на Баер Леверкузен има одлична сезона под водство на Чаби Алонсо, а шпанскиот стручњак долго време е поврзуван со преземање на поголеми европски клубови.

Медиумите го поврзуваа пред се со Ливерпул и Баерн Минхен, но на крајот Чаби одлучи дека и следната сезона ќе ги води „фармацевтите“.

Самиот Алонсо денеска им ја соопштил веста на новинарите, со што е ставен крај на шпекулациите за неговата иднина.

– Изминатиов период имаше многу гласини, додека ние игравме голем број натпревари и јас бев фокусиран на обврските.

– За време на репрезентативната пауза размислив добро и донесов конечна одлука, мојата работа овде не е завршена. Убеден сум дека донесов правилна одлука, – изјавил Алонсо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни