„Цепелинот“ на Борозан и Дибиров го дотолчи Целје (ВИДЕО)

stoilov moreira

Во дерби мечот од 14. коло на СЕХА Газпром лигата, Вардар го пречека Целје, но и покрај покажаниот респект, европскиот шампион се покажа пресилен за словенечките ракометари и славеше со 35:27 (20:10).

Додека Страхиња Милиќ беше расположен на голот на „црвено-црните“ и прокнижи 13 одбрани, во нападот најпрецизен беше Тимур Дибиров со 7 гола. Токму еден од неговите погодоци кога беше проигран од Борозан, а тој ја „прочита“ неговата намера, заврши со атрактивен „цепелин“ кој беше издвоен од СЕХА Газпром лигата како најдобар момент од натпреварот, за резултат од 31:22.

Вардар е непоразен во досегашниот дел од првенството со еден нерешен резултат, но на 27 февруари ќе гостува кај Загреб, натпревар кој дефинитивно може да го потврди скопскиот клуб како првопласиран по регуларниот дел на сезоната и да му осигура добар старт на завршниот турнир на четирите најдобри. Со трите бода за синоќешната победа, Вардар има 40 поени, Загреб 31, Мешков Брест е трет со 28 и Целје е на четвртото место со 26 бода.

Facebook Коментари