Центарот на Лејкерс ги насамари своите поранешни соиграчи: Глумеше дека е повреден, па ги „поздрави“ воините (Видео)

mcgee-golden

Лос Анџелес Лејкерс го преслуша Голден Стејт и на вториот меч кој го одиграа во период од два дена, со тоа што овојпат разликата беше изразена со 33 поени.

Леброн, Бредли и Кук беа најефикасни во домашниот состав, но сепак, во фокусот се најде едно забивање на Џавајл МекГи, пред се поради тоа што центарот на „езерџиите“ ги насамари противниците такашто глумеше дека е повреден, за потоа да се врати на теренот и лесно да поентира.

МекГи пред да дојде во Лејкерс играше токму за Голден Стејт, па токму поради тоа, уште поинтересно е тоа што центарот на „езерџиите“ оваа финта им ја продаде на своите поранешни соиграчи.

Facebook Коментари