Поврзете се со нас

НБА

Центарот на Клиперс е најдобар шести играч во НБА лигата

Објавено

на

Центарот на Лос Анџелес Клиперс, Монтрез Херел е прогласен за најдобар шести играч во НБА лигата за натпреварувачката 2019/2020.

Оваа вест се уште не е официјално потвредена од НБА, но повеќе медиуми во Соединетите Американски Држави од свои извори добиле информација дека Херел е човекот кој ќе ја понесе оваа награда благодарение на неговиот учинок од 18,6 поени и 7,1 скокови по натпревар.

Тој ги остави зад себе Денис Шрудер (18,9 поени и 4 асистенции) од Оклахома Сити Тандер, но и клупскиот колега Лу Вилијамс кој исто од клупата имаше фантастичен учинок од 18.2 поени и 5.6 асистенции.

Ова значи дека сега останува да се додели уште една награда, најпрестижната за најкорисен играч на кампањата.

Кога се во прашање индивидуалните признанија досега освен Монтрез титула за својата добра работа добија Џа Морант за руки на сезоната, Брендон Инграм (играч со најголем напредок), Ник Нурс (тренер на годината) и Јанис Адетокумбо (најдобар дефанзивец).

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни