Поврзете се со нас

Македонија

Центарот Хауард второ засилување за Кожув

Објавено

на

foto: sibenka.hr

Екипата на Кожув гради тим за новата кампања 2024/2025, па е обезбеден уште еден потпис, ново име на центарската позиција.

Клубот од Гевгелија е посилен за 26-годишниот Мајлс Хауард кој во Македонија доаѓа од Хрватска од тимот на Шибенка.

Во 25 натпревари за Шибенка имал 3,4 поени, 5,1 скок и 1 блокада во домашниот шампионат, додека во АБА2 лигата имал учинок од 1,7 поени, 4 скока и 1,3 блокади во просек. Тој претходно во Европа настапувал и во Финска.

Кожув пред Американецот ги обезбеди услугите на поранешниот репрезентативец на Хрватска, Фран Пилепиќ.

Кожув се засили со поранешен хрватски репрезентативец

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни