Поврзете се со нас

Шпанија

Ценетиот Итуралде направи анализа за спорната одлука на Мансано на „Месталја“: Последниот корнер не требаше да биде изведен!

Објавено

на

Foto:twitter.com/valenciacf

Хил Мансано се претвори во топ тема на крајот од дербито меѓу Валенсија и Реал Мадрид со кое беше затворена саботната програма во Примера, од едноставна причина што отсвири крај на мечот една секунда пред Џуд Белингам да постигне гол за победа на „кралевите“.

Погодокот на Англичанецот на крајот не важеше и играчите на Реал беснееја пред главниот арбитар, но неговата одлука беше конечна и така големото шпанско дерби заврши со резултат 2:2.

Од таборот на Реал сметаат дека се „ограбени“ од судијата Мансано и неговиот потег е предмет на анализа од цела шпанската јавност, па со став се јави и легендарниот шпански арбитар, Итуралде Гозналес.

Перез Бурул уште вчера нагласи дека Мансано бил во право што отсвирил крај во моментот кога Брахим Дијаз центрираше, додека Итуралде вели дека најголемата грешка на судијата е тоа што дозволил акцијата да дојде до тој степен.

– Ова е една од најлошо менаџираните ситуации од судија во историјата на фудбалот. Одреди седум минути за продолжение, но потоа следеше ВАР проверка поради пенал за ВАленсија и поради тоа се играше уште една минута. Го дозволи корнерот, а веќе беше 99-та минута кога се случуваше тоа. Тука почнува целиот хаос, тој корнер р на Реал воопшто не требаше да се изведе.

– Кога има корнер, акцијата може да продолжи и тогаш настанува хаос. Може да има одбиена топка или втор удар. Мамардашвили исфрли и тука требаше повторно да отсвири крај, но не го направи тоа. Остави акцијата да тече и отсвири крај пред да дојде нафрлување од играчот на Реал. Бидејќи крај се свири со три свирежа, Белингам ја удри топката при третиот свиреж. За оваа акција можат да се бунат и играчите на Реал, но и оние на Валенсија. Ова се случи поради ужасното менаџирање на ситуацијата, премногу лошо изменаџирано од Мансано, – порача Итуралде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни