Цело богатство за 62 секунди: Познато колку пари заработи Мирко Кро Кап за експресниот нокаут во Јапонија

mirko-luge

Мирко Кро Кап се врати во рингот на последниот ден од 2017 година и потребни му беа само 62 секунди за да го нокаутира противникот Цујоши Косака на борбата која беше организирана во Јапонија, а бидејќи феноменалниот хрватски фајтер покажа дека е во фантастична форма и на 43-годишна возраст, нормално е што фановите побараа уште борби од него во блиска иднина.

Филиповиќ по крајот на борбата и експресниот нокаут потенцираше дека ќе стави дефинитивен крај на кариерата по уште две борби организирани од истиот промотер „Саитама“, а што всушност се крие зад неговото враќање во рингот ни открија специјализираните портали за УФЦ и ММА борбите.

Светските медиуми обелоденија дека популарниот Кро Кап заработил цело богатство за една минута колку што мина во рингот, или поточно заработил фантастични 350 илјади евра за нокаутот и победата во првата рунда. Повеќе од јасно е дека Кро Кап со својата популарност во Јапонија носи маркетиншки добивки и за организаторот, но исто така сега е познато зошто планира да биде дел уште од две борби со кои значително ќе си го збогати финансиското конто.

Facebook Коментари