Целје пресилен за Металург

Darko Dimitrievski

Ракометарите на Металург го претрпеа шестиот пораз во деветтиот сезонски натпревар во СЕХА регионалната лига. Македонскиот престставник вечерва загуби на гостински терен во Словенија кај Целје со 34-25.

Домашниот состав беше подобар ривал на теренот, во двата периоди ги надигра „металурзите“ и со тоа воедно ја оправда улогата на фаворит. Најпрецизен кај Целје беше Кодрин со 10 голови, голманот Лесјак пак запиша 19 одбрани.

Кај Металург Томовски имаше само осум одбрани од вкупно 42 удари, Јагањац и Пешевски искомбинираа 15 голови и 2 асистенции.

За Металург сега следи нов тежок предизвик, битка со актуелниот шампион и голем нивен ривал Вардар.

Facebook Коментари