Целје немоќен пред перфектниот Вардар во СЕХА лигата

Cindric-Vardar

Словенечки Целје не успеа да ја прекине перфектната серија на Вардар во СЕХА лигата, каде сезонава „црвено-црните“ ја бранат титулата освоена во најуспешната сезона во својата историја.

Македонскиот тим славеше на гостувањето кај Целје со 31:28, со што ја обезбеди и шестата победа од исто толку натпревари во регионалното натпреварување, каде веќе има осетна предност пред ривалите.

Вардар го диктираше ритамот од 20. минута и до крајот постојано имаше водство, најмногу овозможувајќи на Целје да стигне до еден гол негатива.  Најрасположени за реализација беа крилата Дибиров и Шишкарев со по 6 гола, а Циндриќ го заврши натпреварот со 4 погодоци.

Facebook Коментари