Поврзете се со нас

Свет

Цела Јужна Америка бара веднаш да му се додели „Пушкаш“ наградата: Напаѓачот на Ланус изведе акробација од која застанува здивот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/clublanus

Аргентина не застанува со фудбалските активности додека во тек се Олимписките игри во Париз, па така фановите од оваа земја можат да уживаат во возбудувањата кои ги носи најсилното првенство.

Во период кога сите очи се вперени кон случувањата во француската престолнина, Јужна Америка на големо пишува за фудбалската бравура која била изведена на мечот меѓу Ланус и Тигре, магија за која задолжен бил Валтер Боу.

Двата тима биле на добар пат да ги поделат бодовите со резултат 2:2, но такво нешто не дозволил напаѓачот на Ланус кој режирал акробација од која застанува здивот.

Бау најпрво ја примил топката на гради и режил да изведе „ножички“ надвор од шеснаесетникот, а перфектната техника која ја изведе прави погодокот да изгледа како вистинско ремек-дело.

Јужноамерканските медиуми веќе на големо бараат од ФИФА воопшто да не отвора анкета за новата „Пушкаш“ награда, бидејќи според нив ова е голот кој ќе ја одбележи 2024-та година.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни