Поврзете се со нас

Лига на нации

Цела година немаме победа, може ли Ерменија да падне во Скопје?

Објавено

на

Нов предизвик за македонската репрезентација во Лигата на нации, меч со Ерменија во Скопје, меч на кој се освен победа ќе биде големо разочарување за комплетната домашна фудбалска јавност.

Избраниците на Милевски пред неколку дена освоија само бод на пресметката со Фарски Острови во Торшавн (1-1), пресметка на која исто можевме да победиме, но и да загубиме со оглед на тоа што домаќините создадоа неколку изгледни шанси.

Меѓутоа Фарски Острови се забораваат, Ерменија е на „менито“, селекција против која ја имаме забележано последната победа и тоа лани во октомври на пријателскиот меч во Струмица (3-1).

Ама кога се во прашање официјалните, натпреварувачките натпревари ние сме без триумф една година, поточно последното славје е против Малта (2-0) на 12 септември 2023 година во квалификациите за Европското првенство со головите на Елмас и Манев.

Ерменците беа убедливи против Летонија (4-1) во дуелот од првото коло во групата и со самодоверба пристигнаа во Скопје.

Ако се погледнат дуелите од поновата историја од 2020 година па наваму, имаме позитивен учинок со вечерашниот противник, победи од 5-0, 2-1 (плус пријателскиот во Струмица од 3-1), Ерменците имаат еден триумф од 1-0, а едно соочување заврши без голови.

Повеќе од јасно е дека Македонија мора да покаже ново лице, да покаже енергија, да слави вечерва ако сака да остане во игра за првото место во групата што и е и поставено како примерна цел.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни