Поврзете се со нас

Шпанија

Цел фудбалски свет зборува за големината на Крос, но Анчелоти го посочи елементот кој го прави Германецот уникатен

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос објави дека заминува во пензија на почетокот на оваа недела и со тоа разочара голем дел од своите соиграчи, но секако и навивачите на Реал Мадрид кои се надеваат дека ќе уживаат во неговите мајстории уште некое време.

По долго размислување, Тони одлучи дека е време да направи чекор назад и да се повлече во момент кога го игра најдобриот фудбал, или поточно во сезона во која Реал ја освои Ла Лига, а ќе се бори и за титулата во Лигата на шампионите.

Крос денеска ќе го игра последниот натпревар на домашниот „Сантијаго Бернабеу“ против Бетис, финалето на „Вембли“ ќе биде последен меч за него во дресот на Реал, додека Европското првенство во Германија негов последен турнир во кариерата.

Во најавата за неговиот проштален меч на „Бернабеу“, Карло Анчелоти се обиде да даде коментар за цело фудбалско наследство кое го остава Крос, но го посочи и елементот кој го прави поразличен од сите други фудбалери во светот.

– Шансите да најдеме замена за Крос се речиси невозможни, но овој тим има и други ресурси и ќе се обидеме да одговориме какошто треба. Тоа го покажавме во последните 10 години. Секоја година сме губеле важен дел од тимот, но атмосферата и односот на играчите останува ист. Тој беше убеден дека е време да се повлече, ние не се обидовме да го разубедиме. Имаше мадиња да го направи тоа и ми беше чест што го тренирав.

– Крос постави многу високи стандарди и секогаш демонстрираше завиден континуитет. Тој е еден од ретките кои знаат да воспостават темпо со посед на топка. Неговата точност при пасовите е уникатна, тоа го прави поразличен од другите. Му донесе многу на фудбалот и за мене е еден од најдобрите играчи за врска во историјата, – вели Карлето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни