Цедевита го освои „Јане Сандански“, МЗТ со само една победа ја заокружи домашната приказна во АБА лигата

sokolov

Македонскиот шампион МЗТ Скопје со пораз од Цедевита од 85-64 го заокружи настапот на домашен терен во оваа сезона во АБА лигата.

Металците на 11 средби во „Јане Сандански“ остварија само една победа и тоа на самиот почеток против Партизан, додека сите останати се „прошетаа“ во Скопје со тоа што последна го направи Цедевита.  Хрватскиот претставник дојде до рутинско славје, предноста ја градеше постепено, па аслужено дојде до 16 славје во натпреварувачката 2017/2018.

Чери и Укиќ со вкупно 35 поени беа лидери кај победниците, а пак кај МЗТ четворица играчи беа двоцифрени од кои прв на листата беше Спасојевиќ со 13 кошеви.

Последниот меч клубот од Аеродром во оваа сезона ќе го одигра во Црна Гора против Морнар.

Facebook Коментари