Олимписки игри Archives - Дерби https://derbi.mk/category/sport-plus/olimpiski-igri/ Нема спорт без ДЕРБИ Wed, 20 Mar 2024 20:44:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://derbi.mk/wp-content/uploads/2020/02/derbi-logo-fav-80x80.png Олимписки игри Archives - Дерби https://derbi.mk/category/sport-plus/olimpiski-igri/ 32 32 ФИФА ги одреди групите за олимпискиот турнир, во Париз ќе го нема актуелниот шампион https://derbi.mk/fifa-gi-odredi-grupite-za-olimpiskiot-turnir-vo-pariz-kje-go-nema-aktuelniot-shampion/ Wed, 20 Mar 2024 20:41:13 +0000 https://derbi.mk/?p=378041

Олимписките игри во Париз ќе донесат и атрактивен фудбалски турнир, а денеска со ждрепка се одредени и групите за првата фаза. Дидие Дрогба и Хавиер Савиола биле меѓу специјалните гости на ФИФА, кои учествувале во извлекувањето на топчињата од садовите, а составот на групите најавуваат неколку интересни дуели уште во групната фаза. Во групата А, […]

The post ФИФА ги одреди групите за олимпискиот турнир, во Париз ќе го нема актуелниот шампион appeared first on Дерби.

]]>

Олимписките игри во Париз ќе донесат и атрактивен фудбалски турнир, а денеска со ждрепка се одредени и групите за првата фаза.

Дидие Дрогба и Хавиер Савиола биле меѓу специјалните гости на ФИФА, кои учествувале во извлекувањето на топчињата од садовите, а составот на групите најавуваат неколку интересни дуели уште во групната фаза.

Во групата А, Франција ќе има натпревар со САД, Аргентинците ќе се соочат со Мароко и Украина, додека Шпанија за противници ги доби Доминиканската Република и Египет. Не се познати уште трите претставници на Азија, кои ќе бидат одредени следниот месец на квалификациски турнир во Катар, како и победникот од баражот во кој ќе се соочат Гвинеја и претставник на Азија.

Покрај во Париз, натпреварите ќе се играат и во Бордо, Ст. Етјен, Лион, Марсеј и Нант, а најголемо изненадување е што на турнирот ќе го нема актуелниот олимписки шампион Бразил, кој не успеа да се квалификува на завршниот турнир.

Извлечена е ждрепка и за турнирот во женска конкуренција, а таму уште во групата ќе се сретнат Шпанија и Бразил.

The post ФИФА ги одреди групите за олимпискиот турнир, во Париз ќе го нема актуелниот шампион appeared first on Дерби.

]]>
Руските и белоруските олимпијци нема да учествуваат на церемонијата на отворање на ЛОИ во Париз https://derbi.mk/ruskite-i-beloruskite-olimpijci-nema-da-uchestvuvaat-na-ceremonijata-na-otvoranje-na-loi-vo-pariz/ Tue, 19 Mar 2024 21:42:11 +0000 https://derbi.mk/?p=377891

Интернационалниот олимписки комитет денеска донел одлука според која претставниците на Русија и Белорусија на претстојната Олимпијада во Париз нема да учествуваат на церемонијата на отворање која вообичаено предизвикува големо внимание кај светската јавност. Претходно, ИОК им овозможи на руските и белоруските спортисти да учествуваат на ЛОИ годинава, но како неутрални спортисти, што значи дека нема […]

The post Руските и белоруските олимпијци нема да учествуваат на церемонијата на отворање на ЛОИ во Париз appeared first on Дерби.

]]>

Интернационалниот олимписки комитет денеска донел одлука според која претставниците на Русија и Белорусија на претстојната Олимпијада во Париз нема да учествуваат на церемонијата на отворање која вообичаено предизвикува големо внимание кај светската јавност.

Претходно, ИОК им овозможи на руските и белоруските спортисти да учествуваат на ЛОИ годинава, но како неутрални спортисти, што значи дека нема да користат знаме, амблем и химна на својата земја. Комитетот одобри специјално заедничко знаме на кое пишува дека се однесува на неутрални спортисти, како и химна без текст која би била интонирана на победничките пиедестали.

Досега се пријавени 12 руски и 7 белоруски спортисти за учество во Париз, а ИОК потврди дека ќе им овозможи на одреден начин да ја почувствуваат магијата на церемонијата, но тие нема да бидат претставени како спортистите од другите земји.

Во меѓувреме, Русија најави дека планира да организира „Игри на пријателство“ на своја територија, како обид да им овозможи на голем број спортисти да се натпреваруваат без никакви ограничувања. Првото издание на вакво натпреварување е одржано во 1984 година, кога Русија покани осум нации, а истовремено ги бојкотираше ЛОИ во Лос Анџелес.

ИОК дополнително ќе одлучи каков ќе биде статусот на Русите и Белорусите на церемонијата со која ќе се затворат ЛОИ во Париз.

The post Руските и белоруските олимпијци нема да учествуваат на церемонијата на отворање на ЛОИ во Париз appeared first on Дерби.

]]>
Одредени групите за кошаркарскиот олимписки турнир во Париз, САД и Србија во иста група https://derbi.mk/odredeni-grupite-za-kosharkarskiot-olimpiski-turnir-vo-pariz-sad-i-srbija-vo-ista-grupa/ Tue, 19 Mar 2024 19:39:03 +0000 https://derbi.mk/?p=377879

Олимписките игри ќе бидат голем предизвик за сите репрезентации кои обезбедија учество на турнирот во Париз, а денешната ждрепка донесе интересни и неизвесни групи. Посебно внимание предизвика фактот што во иста група се најдоа Соединетите Американски Држави и Србија, па уште во првата фаза ќе има големо дерби кое фановите ќе го очекуваат со нетрпение. […]

The post Одредени групите за кошаркарскиот олимписки турнир во Париз, САД и Србија во иста група appeared first on Дерби.

]]>

Олимписките игри ќе бидат голем предизвик за сите репрезентации кои обезбедија учество на турнирот во Париз, а денешната ждрепка донесе интересни и неизвесни групи.

Посебно внимание предизвика фактот што во иста група се најдоа Соединетите Американски Држави и Србија, па уште во првата фаза ќе има големо дерби кое фановите ќе го очекуваат со нетрпение.

Во истата група ќе бидат и Јужен Судан, како и победникот од квалификацискиот турнир во Порторико.

Групата А исто така ќе донесе интересни дуели, бидејќи таму се најдоа Австралија, Канада и победниците на турнирите во Грција и Шпанија, додека во групата Б се Франција, Германија, Јапонија и победникот од квалификацискиот турнир во Летонија.

The post Одредени групите за кошаркарскиот олимписки турнир во Париз, САД и Србија во иста група appeared first on Дерби.

]]>
Сигурдсон блиску до остварување на првата цел: Хрватска ја победи Германија и стигна на чекор од Олимписките игри https://derbi.mk/sigurdson-blisku-do-ostvaruvanje-na-prvata-cel-hrvatska-ja-pobedi-germanija-i-stigna-na-chekor-od-olimpiskite-igri/ Sat, 16 Mar 2024 16:51:04 +0000 https://derbi.mk/?p=377406

Хрватска го трасираше својот пат кон Олимпискиот турнир во Париз, откако четата на Дагур Сигурдсон денеска најде решение и за селекцијата на Германија. Исландскиот стручњак пристигна како наследник на Перковац на клупата на Хрватска, а веднаш беше јасно дека прва негова голема цел ќе биде да го одведе тимот на Олимписките игри. „Коцкестите“ сега се […]

The post Сигурдсон блиску до остварување на првата цел: Хрватска ја победи Германија и стигна на чекор од Олимписките игри appeared first on Дерби.

]]>

Хрватска го трасираше својот пат кон Олимпискиот турнир во Париз, откако четата на Дагур Сигурдсон денеска најде решение и за селекцијата на Германија.

Исландскиот стручњак пристигна како наследник на Перковац на клупата на Хрватска, а веднаш беше јасно дека прва негова голема цел ќе биде да го одведе тимот на Олимписките игри.

„Коцкестите“ сега се многу блиску до такво нешто и само чудо ќе ги остави без главниот турнир во Париз, бидејќи треба да се поклопат многу математики, а воедно и да не слават на последниот меч во квалификациската група.

По победата над Австрија, Хрватите денеска беа подобри и од Германија во Хановер, а клучно беше првото полувреме во кое избраниците на Сигурдсон отидоа на 16:10, а потоа мирно ја одржуваа предноста и победија со 33:30.

Разиграниот Мартиновиќ кој постигна девет гола против Австрија повторно беше најдобар играч во хрватските редови, бидејќи денеска постигна осум погодоци во мрежата на Германците. По пет реализации во победничкиот тим имаа Дувњак и Шоштариќ.

The post Сигурдсон блиску до остварување на првата цел: Хрватска ја победи Германија и стигна на чекор од Олимписките игри appeared first on Дерби.

]]>
Гризман има голема желба: Ќе разговaрам со клубот, тоа ми е сон https://derbi.mk/grizman-ima-golema-zhelba-kje-razgovaram-so-klubot-toa-mi-e-son/ Wed, 21 Feb 2024 10:51:04 +0000 https://derbi.mk/?p=373695 Антоан Гризман повторно е еден од лидерите на Атлетико Мадрид, односно веќе се заборавени сите проблеми кои ги имаше на почетокот на вториот мандат по враќањето од Барселона. Напаѓачот сега дава голови, асистира, има огромно влијание во играта и одново го има статусот на еден од најважните играчи на теренот. Атлетико има има доста битки […]

The post Гризман има голема желба: Ќе разговaрам со клубот, тоа ми е сон appeared first on Дерби.

]]>
Антоан Гризман повторно е еден од лидерите на Атлетико Мадрид, односно веќе се заборавени сите проблеми кои ги имаше на почетокот на вториот мандат по враќањето од Барселона.

Напаѓачот сега дава голови, асистира, има огромно влијание во играта и одново го има статусот на еден од најважните играчи на теренот. Атлетико има има доста битки до крајот на сезонава, а Гризман ќе биде повеќе од потребен за да се остварат зацртаните цели.

Тој веќе гледа и подалеку и ќе седне на маса на клубот за да си го оствари сонот и игра за Франција на ОИ кои годинава се на програмата во Париз.

-Ќе направам се за да учествувам на ОИ во Париз. Тоа е нешто исклучително, да ги имате Игрите во Париз. Ќе разговарам со клупските челници во догледно време, за да видам дали ќе ме пуштат. Го познавам своето тело, имаме одлични физиотерапевти и нема никакви проблеми.

-Ако не сум во репрезентацијата, ќе ги бодрам француските спортисти пред телевизор. Сакам да гледам ОИ со моите деца. Мојата ќерка Миа сака гимнастарки, -обелоденил напаѓачот за „Монд“.

Останува да се види дали Антоан ќе биде еден од тројцата играчи над 23 години во олимписката репрезентација која во Париз ќе ја предводи тренерот Тјери Анри.

The post Гризман има голема желба: Ќе разговaрам со клубот, тоа ми е сон appeared first on Дерби.

]]>
МОК информира за контрола од МВР https://derbi.mk/mok-informira-za-kontrola-od-mvr/ Tue, 20 Feb 2024 07:57:16 +0000 https://derbi.mk/?p=373498

Во духот на целосно транспарентно и отчетно работење на Македонскиот олимписки комитет (МОК), ве информираме дека денеска (19.02.2024) служби од Министерството за внатрешни работи (МВР) од канцеларијата на МОК побараа документација поврзана со Редовното изборно собрание што се одржа на 8 февруари 2024 година. МОК им ја достави целокупната барана документација со записник, која вклучува: […]

The post МОК информира за контрола од МВР appeared first on Дерби.

]]>

Во духот на целосно транспарентно и отчетно работење на Македонскиот олимписки комитет (МОК), ве информираме дека денеска (19.02.2024) служби од Министерството за внатрешни работи (МВР) од канцеларијата на МОК побараа документација поврзана со Редовното изборно собрание што се одржа на 8 февруари 2024 година.

МОК им ја достави целокупната барана документација со записник, која вклучува:

– Комплетна видео снимка од изборното собрание

– Статут, Деловник и Олимписка повелба

– Мислења на спортско-арбитражниот суд

– Изјави од членовите на верификациската комисија

Како организација која секогаш е максимално транспарентна и отворена за соработка со сите надлежни органи, институции и организации, МОК е изненаден од постапката на одредени државни институции кои според законските одредби немаат надлежност да ја контролираат постапката за спроведување и одржување на изборно собрание, како и одлуките донесени на тоа собрание.

Очигледно е дека некому му пречи резултатот од редовното изборно собрание на МОК и донесените одлуки од страна на делегатите и затоа не престанува црната кампања против раководството на МОК.

Одлуките донесени на изборното собрание и изборот на Даниел Димевски за претседател на МОК и во следните четири години беа донесени јавно и според одредбите пропишани во правните акти на организацијата. Овие одлуки и изборот на претседател ги поздравија највисоките меѓународни олимписки организации, како што се Асоцијацијата на национални олимписки комитети (ANOC), Европскиот олимписки комитет (EOC), Меѓународниот комитет на медитерански игри (ICMG), како и многу национални олимписки комитети.

Во духот на досегашното работење, МОК ќе продолжи да работи единствено како што умее и треба, јавно и транспарентно, без оглед на обидите на поединци и групи да го дискредитираат раководството и организацијата,- вели Даниел Димевски, претседател на МОК.

 

Извор: Соопштение за медиуми

The post МОК информира за контрола од МВР appeared first on Дерби.

]]>
МОК објави дека полицијата ја побарала целата документацијта од последното изборно собрание: Продолжува црната кампања (Фото) https://derbi.mk/mok-objavi-deka-policijata-ja-pobarala-celata-dokumentacijta-od-poslednoto-izborno-sobranie-prodolzhuva-crnata-kampanja-foto/ Mon, 19 Feb 2024 19:05:09 +0000 https://derbi.mk/?p=373419

Даниел Димевски доби огромна поддршка од најголем дел од делегатите на последното Редовно собрание кое го имаше МОК, но денеска олимпиското тело откри дека полицијата денеска извршила претрес на изборот и целата документација која е поврзана со гласањето кое се одржа на 8-ми февруари. Олимпискиот Комитет со објава на социјалните мрежи ја сподели оваа информација […]

The post МОК објави дека полицијата ја побарала целата документацијта од последното изборно собрание: Продолжува црната кампања (Фото) appeared first on Дерби.

]]>

Даниел Димевски доби огромна поддршка од најголем дел од делегатите на последното Редовно собрание кое го имаше МОК, но денеска олимпиското тело откри дека полицијата денеска извршила претрес на изборот и целата документација која е поврзана со гласањето кое се одржа на 8-ми февруари.

Олимпискиот Комитет со објава на социјалните мрежи ја сподели оваа информација до цела јавност и нагласи дека на овој начин се врши уште еден притисок кон институацијата и првиот човек Димевски, за кого претходно имаше обид да биде сменет од претседателите на други спортски Федерации.

– Информација од МОК во врска со контролата од служби на МВР
Во духот на целосно транспарентно и отчетно работење на Македонскиот олимписки комитет (МОК), ве информираме дека денеска (19.02.2024) служби од Министерството за внатрешни работи (МВР) од канцеларијата на МОК побараа документација поврзана со Редовното изборно собрание што се одржа на 8 февруари 2024 година.
МОК им ја достави целокупната барана документација со записник, која вклучува:
– Комплетна видео снимка од изборното собрание
– Статут, Деловник и Олимписка повелба
– Мислења на спортско-арбитражниот суд
– Изјави од членовите на верификациската комисија
Како организација која секогаш е максимално транспарентна и отворена за соработка со сите надлежни органи, институции и организации, МОК е изненаден од постапката на одредени државни институции кои според законските одредби немаат надлежност да ја контролираат постапката за спроведување и одржување на изборно собрание, како и одлуките донесени на тоа собрание.
Очигледно е дека некому му пречи резултатот од редовното изборно собрание на МОК и донесените одлуки од страна на делегатите и затоа не престанува црната кампања против раководството на МОК.
Одлуките донесени на изборното собрание и изборот на Даниел Димевски за претседател на МОК и во следните четири години беа донесени јавно и според одредбите пропишани во правните акти на организацијата. Овие одлуки и изборот на претседател ги поздравија највисоките меѓународни олимписки организации, како што се Интернационалниот Олимписки комитет (IOC), Европскиот олимписки комитет (EOC), Асоцијацијата на национални олимписки комитети (ANOC), Меѓународниот комитет на медитерански игри (ICMG), како и многу национални олимписки комитети.
Во духот на досегашното работење, МОК ќе продолжи да работи единствено како што умее и треба, јавно и транспарентно, без оглед на обидите на поединци и групи да го дискредитираат раководството и организацијата.

The post МОК објави дека полицијата ја побарала целата документацијта од последното изборно собрание: Продолжува црната кампања (Фото) appeared first on Дерби.

]]>
Шок за „кариоките“: Аргентина го остави Бразил без Олимписки игри (Видео) https://derbi.mk/shok-za-kariokite-argentina-go-ostavi-brazil-bez-olimpiski-igri-video/ Mon, 12 Feb 2024 10:24:06 +0000 https://derbi.mk/?p=371910

Бразил е фудбалска велесила и селекција која има најмногу титули на мундијалите, но „кариоките“ во последните две децении не се на висина на задачата и доста често режираат разочарувања за своите фанови. Последното доаѓа од квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз, натпреварување на кое и дефинитивно нема да го гледаме последниот освојувач на фудбалскиот […]

The post Шок за „кариоките“: Аргентина го остави Бразил без Олимписки игри (Видео) appeared first on Дерби.

]]>

Бразил е фудбалска велесила и селекција која има најмногу титули на мундијалите, но „кариоките“ во последните две децении не се на висина на задачата и доста често режираат разочарувања за своите фанови.

Последното доаѓа од квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз, натпреварување на кое и дефинитивно нема да го гледаме последниот освојувач на фудбалскиот турнир во Токио.

Бразил беше најдобар на последната Олимпијада и се закити со златен медал, но сега нема да го брани истиот откако во директен дуел за второто место, загуби од Аргентина.

Ендрик како нова ѕвезда на Реал Мадрид беше лидер на оваа репрезентација на Бразил, па сигурно ќе преземе и дел од одговорноста за овој неуспех на „кариоките“.

„Гаучосите“ славеа со 1:0 благодарение на голот на Гонду, па така селекцијата водена од Хавиер Маскерано обезбеди олимписка виза и го шокираше вечниот ривал.

Покрај Аргентина, јужноамерикански претставник на Олимписките игри во Париз ќе биде и селекцијата на Парагвај која заврши како прва во групата.

The post Шок за „кариоките“: Аргентина го остави Бразил без Олимписки игри (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Даниел Димевски ја доби довербата на собранието, продолжува како претседател на МОК https://derbi.mk/daniel-dimevski-ja-dobi-doverbata-na-sobranieto-prodolzhuva-kako-pretsedatel-na-mok/ Fri, 09 Feb 2024 09:13:30 +0000 https://derbi.mk/?p=371403

Актуелниот претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, доби огромна поддршка од делегатите на редовното изборно собрание на организацијата, кои му дадоа доверба да го предводи МОК и во следниот мандат. Од 55 присутни делегати, 45 гласаа за Димевски, 8 беа против, а двајца беа воздржани. За изборот на Димевски, на непосредни избори со […]

The post Даниел Димевски ја доби довербата на собранието, продолжува како претседател на МОК appeared first on Дерби.

]]>

Актуелниот претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, доби огромна поддршка од делегатите на редовното изборно собрание на организацијата, кои му дадоа доверба да го предводи МОК и во следниот мандат.

Од 55 присутни делегати, 45 гласаа за Димевски, 8 беа против, а двајца беа воздржани.

За изборот на Димевски, на непосредни избори со тајно гласање, гласаа националните спортски федерации и истакнати македонски спортски имиња, кои се делегати на изборното собрание. Со својот глас, тие ѝ дадоа поддршка на програмата за работа што Димевски ја презентираше јавно кога ја поднесе својата кандидатура за претседател на МОК и која всушност е најобемната и најдеталната програма за работа што досега ја имала националната олимписка организација. Програмата се темели на 12 столбови кои, меѓу другото, предвидуваат нови големи инвестиции во нова спортска инфраструктура, што и досега беше еден од главните приоритети во работењето на МОК. Исто така, програмата за работа за 2024-2028 година предвидува и бројни бенефиции за спортистите и националните спортски федерации, како и уште поголема независност, автономија и независен модел на финансирање на спортските организации и националните спортски федерации, според одредбите на Олимписката повелба. За реализација на проектите кои Димевски ги наведе во програмата веќе обезбеди финансиска конструкција за време на досегашниот мандат.

По изборот, Димевски истакна дека и понатаму ќе ги брани интересите на МОК и на националните спортски федерации, макотрпно работејќи за да обезбеди натамошна финансиска и логистичка поддршка за развој на македонскиот спорт. Крајната цел на МОК, според Димевски, е да го развива националниот спорт според начелата на олимпизмот и да овозможи подобрување на резултатите што ги остваруваат македонските спортисти во домашни и меѓународни рамки.

Како и досега, МОК ќе продолжи со континуираната поддршка за спортистите и националните спортски федерации, но и понатаму ќе се продлабочува соработката со меѓународните олимписки организации, применувајќи ги во работењето практиките и принципите на добро владеење.

 

Извор: Соопштение за медиуми

The post Даниел Димевски ја доби довербата на собранието, продолжува како претседател на МОК appeared first on Дерби.

]]>
Димевски ја доби довербата и останува на чело на МОК (ФОТО) https://derbi.mk/dimevski-ja-dobi-doverbata-i-ostanuva-na-chelo-na-mok-foto/ Thu, 08 Feb 2024 20:35:09 +0000 https://derbi.mk/?p=371355

Даниел Димевски и во иднина ќе биде прв човек на Македонскиот олимписки комитет (МОК). Тој на денешното редовно изборно собрание кое се одржа во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје доби мнозинство на гласови и останува претседател на МОК. Димевски ја доби довербата од 45 присутни делегати (членки) (8 беа против, 2 воздржани), бројка која […]

The post Димевски ја доби довербата и останува на чело на МОК (ФОТО) appeared first on Дерби.

]]>

Даниел Димевски и во иднина ќе биде прв човек на Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Тој на денешното редовно изборно собрание кое се одржа во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје доби мнозинство на гласови и останува претседател на МОК.

Димевски ја доби довербата од 45 присутни делегати (членки) (8 беа против, 2 воздржани), бројка која беше повеќе од доволно за да обезбеди нов четиригодишен мандат.

-Благодарам на поддршката, бројка на гласови која носи и голема одговорност. Сакам следниот пат да бидеме сите на иста страна. Многу ми е жал што во процесот истрпевме ситуации кои не се добри. Ние што сме тука не сме многу, малку сме, меѓутоа мораме да бидеме компактни. Ако се држиме силно, никој ништо не ни може.

-Јас сум фајтер, ве имам сите вас, сум ве испочитувал и можам да ве погледнам во очи. Време е сега сите да запнеме и да го смениме Законот за спорт и да станеме посилни. Сите идни директори да стојат мирно пред нас и ние и вие го правиме спортот, а не директорите, -порача Димевски кој на оваа фунцкија го наследи легендарниот Васил Тупурковски.

 

The post Димевски ја доби довербата и останува на чело на МОК (ФОТО) appeared first on Дерби.

]]>