Билијард и Снукер Archives - Дерби https://derbi.mk/category/sport-plus/bilijard-i-snuker/ Нема спорт без ДЕРБИ Thu, 28 Mar 2024 15:26:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://derbi.mk/wp-content/uploads/2020/02/derbi-logo-fav-80x80.png Билијард и Снукер Archives - Дерби https://derbi.mk/category/sport-plus/bilijard-i-snuker/ 32 32 Роби МекГаиган е нов европски првак во снукер, Јанев победи за Македонија! https://derbi.mk/robi-mekgaigan-e-nov-evropski-prvak-vo-snuker-janev-pobedi-za-makedonija/ Thu, 28 Mar 2024 10:55:55 +0000 https://derbi.mk/?p=379126

Викендов, со победата во финалето на С. Ирецот Роби МекГаиган над бившиот професионалец Крег Стедман со 4 спрема 2 заврши главниот настан на Европското првенство во снукер во Босна и Херцеговина. Со тоа младиот снукер играч заработи 2 годишен билет во професионалната тура. Македонија на ова EBSA Европско првенство за 2024 во снукер во Босна […]

The post Роби МекГаиган е нов европски првак во снукер, Јанев победи за Македонија! appeared first on Дерби.

]]>

Викендов, со победата во финалето на С. Ирецот Роби МекГаиган над бившиот професионалец Крег Стедман со 4 спрема 2 заврши главниот настан на Европското првенство во снукер во Босна и Херцеговина. Со тоа младиот снукер играч заработи 2 годишен билет во професионалната тура.

Македонија на ова EBSA Европско првенство за 2024 во снукер во Босна ја претставува јуниорите Марко и Теодор Величковски, како и сениорите Владо Матоски, Влатко Јанев, Петар Панов и Петар Колоски.

Јуниорите први ги завршија своите дебитантски настапи во категориите U16 и U18 во групната фаза. Во категоријата U16 на огромно изненадување победник е репрезентативецот на Молдавија, Владислав Градинари. Остануваат позитивните впечатоци од нашите јуниори со неколку освоени фрејмови и силната желба за успех во следните Европски првенства.

По нив, од 18ти Март, започна главниот настан во кој нашите сениори во следните 3 дена ги изиграа своите мечеви од групната фаза против најдобрите европски снукер играчи. Оваа година во отсуство на трикратниот шампион на Македонија Берат Јашари, и лидерот во националното првенство Павле Данилов (двајцата од оправдани фамилијарни причини) очите беа вперени во актуелно второ пласираниот Петар Панов за кого ова е трет настап на европските првенства. За жал и тој и останатите поискусните наши играчи не успеа да ги поминат групите.

Евидентно беше дека во судир со носителите во своите групи неможеа да сторат ништо посебно, но во останатите мечеви од групите сите репрезентативци рамноправно се носеа со своите противници, освојуваја фрејмови и во некој мечеви во самиот крај на фрејмовите испуштаа можност за победа. Сепак, Влатко Јанев ја искористи својата шанса и успеа да извојува победа во групната фаза, но со останатите 2 пораза не успеа да се квалификува во елиминациите.

Севкупниот впечаток е дека, можеби без најсилниот состав македонскиите играчи достојно се претставија на овој шампионат, но секако доколку се сака повисок пласман треба трпение, поинтензвни подготовки. Со стекнатото искуство од овие континентални настапи на најмладите, браќата Величковски, Ѓурчиновски… ветувачкиот настап на Колоски, секако во надеж за следни учества и на нашата најдобра 3ка Јашари, Панов и Данилов, но и на искусните Матоски и Јанев, достижно е следното скалило со влез во елиминациите, каде  денес може да видиме и по некој играч од Бугарија, Србија, Албанија, БиХ.

Но и уште повеќе привлекува внимание и храбри фактот дека во самите завршници се почесто гледаме трумфи на играчи од “нетрадиционалните” снукер нации, посебно за истакнување се земјите од Источна Европа, Латвија, Молдавија, Полска, Унгарија… играчи кои се почесто пркосат на веле силите во светскот снукер, играчите од британско тло.

Да напоменеме дека дел од судиската организација беа и нашите двајца интернационални судии Ана Србиновска и Мартин Петрушевски кои се представија во одлично светло. Србиновска на ова првенство се стекна со признанието Интернационален судија класа 2 што ќе и овозможи во следните првенства да суди мечеви од последните фази на натпреварувањето.

The post Роби МекГаиган е нов европски првак во снукер, Јанев победи за Македонија! appeared first on Дерби.

]]>
Иранецот Вафаеи му го „украде“ решавачкиот фрејм и го елиминира О’Саливен во Кина (Видео) https://derbi.mk/iranecot-vafaei-mu-go-ukrade-reshavachkiot-frejm-i-go-eliminira-osaliven-vo-kina-video/ Thu, 21 Mar 2024 20:58:41 +0000 https://derbi.mk/?p=378198

Рони О’Саливен е уште еден од фаворитите за висок пласман кој остана без пласман во четвртфиналето на Ворлд Опен турнирот во Кина. Најдобрите снукер професионалци по неколку години пауза го играат престижниот турнир во Јушан, а О’Саливен очекувано беше прв фаворит како број еден на ранкингот и победник на последниот Мастерс во Саудиска Арабија. Сепак, […]

The post Иранецот Вафаеи му го „украде“ решавачкиот фрејм и го елиминира О’Саливен во Кина (Видео) appeared first on Дерби.

]]>

Рони О’Саливен е уште еден од фаворитите за висок пласман кој остана без пласман во четвртфиналето на Ворлд Опен турнирот во Кина.

Најдобрите снукер професионалци по неколку години пауза го играат престижниот турнир во Јушан, а О’Саливен очекувано беше прв фаворит како број еден на ранкингот и победник на последниот Мастерс во Саудиска Арабија.

Сепак, Хосеин Вафаеи од Иран денеска доби голема шанса од својот идол и успеа да му го украде решавачкиот фрејм, а со тоа и победата во драматичниот дуел кој заврши со резултат 5:4.

О’Саливен со брејк од 125 поени избори решавачки деветти фрејм, во него имаше контрола, се до црната топка која не успеа да ја внесе пред да почне да ги расчистува обоените топки на масата. Вафаеи со неколку дефанзивни потези изнуди уште една грешка на противникот, па успеа да ги внесе сите топки за конечни 64:63 и обезбеден дуел со Динг Џунхуи во следната нокаут рунда.

Динг пак го елиминира Шон Марфи со 5:3, а пласман понатаму обезбедија и Нил Робертсон и Џад Трамп, кој сега е прв фаворит за трофејот во Кина.

The post Иранецот Вафаеи му го „украде“ решавачкиот фрејм и го елиминира О’Саливен во Кина (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Рони О’Саливен оствари три победи во два дена и го освои првиот Мастерс во Саудиска Арабија https://derbi.mk/roni-osaliven-ostvari-tri-pobedi-vo-dva-dena-i-go-osvoi-prviot-masters-vo-saudiska-arabija/ Wed, 06 Mar 2024 22:52:30 +0000 https://derbi.mk/?p=375821

Рони О’Саливен покажа врвна форма на првиот снукер Мастерс во Саудиска Арабија и со три победи во два дена, на фуриозен начин го освои престижниот турнир во азиската земја. По триумфот над Џад Трамп со убедливи 4:1 во денешното полуфинале, само неколку часа подоцна, О’Саливен се соочи со Лука Бресел во големото финале и оствари […]

The post Рони О’Саливен оствари три победи во два дена и го освои првиот Мастерс во Саудиска Арабија appeared first on Дерби.

]]>

Рони О’Саливен покажа врвна форма на првиот снукер Мастерс во Саудиска Арабија и со три победи во два дена, на фуриозен начин го освои престижниот турнир во азиската земја.

По триумфот над Џад Трамп со убедливи 4:1 во денешното полуфинале, само неколку часа подоцна, О’Саливен се соочи со Лука Бресел во големото финале и оствари триумф од 5:2 за уште еден важен успех во својата неверојатна снукер кариера. Вчера, доцна навечер, О’Саливен го преслуша големиот ривал Џон Хигинс со 4:0 за само еден час.

Во денешното финале, Бресел водеше со 2:1 и по едно промашување на црната топка му овозможи на Рони да се врати на масата, а „Ракетата“ не само што ја прифати поканата, туку веќе и не направи грешка до крајот на мечот за сигурен триумф против Белгиецот.

Ова беше прво издание на новиот Мастерс во Ријад, а О’Саливен ќе ја напушти Саудиска Арабија со чек на 250.000 фунти.

Првото појавување на златната топка и максималниот брејк од 167 поени беа дополнителен мотив за учесниците на турнирот кој траеше само неколку дена, но најдобрите снукер играчи не успеаја да ја предизвикаат седмата обоена топка и да стигнат до атрактивниот бонус од 500.000 долари.

The post Рони О’Саливен оствари три победи во два дена и го освои првиот Мастерс во Саудиска Арабија appeared first on Дерби.

]]>
Фуриозен Рони: Хигинс не внесе ниту една црвена, О’Саливен за еден час до полуфинале во Ријад https://derbi.mk/furiozen-roni-higins-ne-vnese-nitu-edna-crvena-osaliven-za-eden-chas-do-polufinale-vo-rijad/ Wed, 06 Mar 2024 08:39:33 +0000 https://derbi.mk/?p=375715 Рони О’Саливен имаше фуриозно деби на новиот снукер Мастерс во Саудиска Арабија, победувајќи го големиот ривал Џон Хигинс со 4:0 во фрејмови. „Ракетата“ го започна настапот директно во четвртфиналето и во ноќната сесија успеа да издоминира против шкотскиот маестро, кој едноставно не доби шанса да покаже во каква форма допатувал во Ријад. О’Саливен испорача три […]

The post Фуриозен Рони: Хигинс не внесе ниту една црвена, О’Саливен за еден час до полуфинале во Ријад appeared first on Дерби.

]]>
Рони О’Саливен имаше фуриозно деби на новиот снукер Мастерс во Саудиска Арабија, победувајќи го големиот ривал Џон Хигинс со 4:0 во фрејмови.

„Ракетата“ го започна настапот директно во четвртфиналето и во ноќната сесија успеа да издоминира против шкотскиот маестро, кој едноставно не доби шанса да покаже во каква форма допатувал во Ријад.

О’Саливен испорача три сенчри брејка и брејк од 82 поени во последниот фрејм, за да го добие дуелот со вкупен резултат од 489:4.
Со други зборови, Хигинс не успеа да внесе ниту една црвена топка, а единствените поени ги заработи по еден „фаул“ на противничкиот играч.

Мастерсот во Саудиска Арабија продолжува денеска со полуфиналните дуели, во кои О’Саливен ќе игра против Џад Трамп, додека Марк Ален за противник ќе го има Лука Бресел.

Победникот на Мастерсот во Ријад ќе добие 250.000 фунти, а првиот играч кој ќе стигне до максимален брејк од 167 поени добива фантастични 500.000 долари.

Максималниот брејк од 167 е достапен првпат во историјата и тоа со додавање на златна топка, која носи 20 поени и може да се одигра само после црната. Истата се отстранува од масата доколку во фрејмот нема можност за максимален брејк.

The post Фуриозен Рони: Хигинс не внесе ниту една црвена, О’Саливен за еден час до полуфинале во Ријад appeared first on Дерби.

]]>
Голема „кражба“ во Ријад: Ален го стаписа Селби со решавачкиот потег за полуфинале (Видео) https://derbi.mk/golema-krazhba-vo-rijad-alen-go-stapisa-selbi-so-reshavachkiot-poteg-za-polufinale-video/ Tue, 05 Mar 2024 20:12:41 +0000 https://derbi.mk/?p=375656 Најдобрите снукер играчи деновиве се дел од првиот Мастерс во Саудиска Арабија, мини турнир кој се истакнува не само поради имињата кои учествуваат, туку и поради наградниот фонд и можниот максимален брејк од 167 поени. Денеска на програмата се четвртфиналните дуели, а во првиот Марк Ален успеа да го добие Марк Селби во голема драма […]

The post Голема „кражба“ во Ријад: Ален го стаписа Селби со решавачкиот потег за полуфинале (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Најдобрите снукер играчи деновиве се дел од првиот Мастерс во Саудиска Арабија, мини турнир кој се истакнува не само поради имињата кои учествуваат, туку и поради наградниот фонд и можниот максимален брејк од 167 поени.

Денеска на програмата се четвртфиналните дуели, а во првиот Марк Ален успеа да го добие Марк Селби во голема драма и со резултат 4:3.

Селби водеше со 3:1 во фрејмови и 57:12 во решавачкиот фрејм, но на крајот Ален не само што стигна до потребниот снукер, туку приреди голема „кражба“ пред воодушевените снукер фанови.

Во ситуација кога останаа само последните две топки на масата, Ален мораше да ги внесе двете за да победи, а во тоа успеа по еден спектакуларен потег за решавање на розовата топка, по што на мајсторски начин го затвори дуелот со внесување на црната за пласман во полуфиналето.

Победникот на Мастерсот во Ријад ќе добие 250.000 фунти, а првиот играч кој ќе стигне до максимален брејк од 167 поени добива фантастични 500.000 долари.

Максималниот брејк од 167 е достапен првпат во историјата и тоа со додавање на златна топка, која носи 20 поени и може да се одигра само после црната. Истата се отстранува од масата доколку во фрејмот нема можност за максимален брејк.

The post Голема „кражба“ во Ријад: Ален го стаписа Селби со решавачкиот потег за полуфинале (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Павле Данилов им се врати на победите, нов формат на снукер првенството! https://derbi.mk/pavle-danilov-im-se-vrati-na-pobedite-nov-format-na-snuker-prvenstvoto/ Tue, 27 Feb 2024 06:50:28 +0000 https://derbi.mk/?p=374518

Првиот шампион на Македонија во снукер, Павле Данилов, започна триумфално на стартот од новата првенствена сезона, која од оваа година се игра според нов формат. Согласно промената во пропозициите, снукер шампионатот оваа година се одвива преку две дивизии, при што во „елитната“ лига играат само осумтемина најдобри и секој меч е вистинско дерби. – Презадоволен […]

The post Павле Данилов им се врати на победите, нов формат на снукер првенството! appeared first on Дерби.

]]>

Првиот шампион на Македонија во снукер, Павле Данилов, започна триумфално на стартот од новата првенствена сезона, која од оваа година се игра според нов формат.

Согласно промената во пропозициите, снукер шампионатот оваа година се одвива преку две дивизии, при што во „елитната“ лига играат само осумтемина најдобри и секој меч е вистинско дерби.

– Презадоволен сум од променетиот формат, кој беше предложен од нас играчите, а усвоен од страна на федерацијата во соработка со клубовите. Поделени сме во „А“ и „Б“ лига, па во старт натпреварувачката енергија е на повисоко ниво. Во А лигата играме подолги натпревари во групи, до 3 добиени партии, а уште подолги во елиминационата фаза, каде се игра до 4. Со тоа, сметам дека добиениот финален ранкинг станува пореален. Во „Б“ лигата конечно ќе добијат мотивација оние кои помалку тренирале, да тренираат повеќе, затоа што шансите за освојување на истата им се далеку повеќе зголемени,- вели Данилов.

Тој го изрази своето задоволство  и од унапреденото организациско ниво.

– Имавме точни тајминзи на натпреварите и навистина пријатна натпреварувачка атмосфера. Земајки предвид дека нашите судии стекнаа големо искуство минатите години, како во државните првенства, но и преку судењето на европските првенства, ја завршија својата работа најпрофесионално до сега, со што и во неколку наврати нè изненадија со нивните проценки и реакции.

Новиот формат од „Алфа Плам Националното првенство во снукер“ предвидуваше првопласираните двајца од минатата година, шампионот Берат Јашари и вице-првакот Петар Панов, да бидат носители на две групи во кои другите играчи се делегираат со ждрепка. Така, во првата група Јашари започна доминантно со две победи, над Горан Ѓурчиновски со 3:0 и над Владо Матоски со 3:1. Сепак, иако избори пласман во следната рунда, во последниот меч беше изненаден од Александар Ставриќ кој единствената победа на турнирот ја забележа токму против трикратниот првак, со 3:2.

Во втората група Панов издоминира со три победи, додека Данилов му се приклучи на втората позиција забележувајќи победи над Колоски и Лукревски. Полуфиналните дуели донесоа ново изненадување, бидејќи во меч „подобар од 7 фрејма“ Данилов успеа да направи изненадување и со 4:1 да победи против Јашари, а Панов со уште една убедлива победа од 4:0 над Ѓурчиновски го резервираше второто место во финалето.

На крајот, Панов и покрај претходно демонстрираната подготвеност, во финалето не успеа да го повтори успехот од групната фаза (кога го совлада Данилов со 3:0) и во меч кој траеше речиси четири часа загуби со 4:2.

– Во натпреварите од групната фаза видовме повеќе високи „брејкови“ од 40+, и два од по 50+ („Half Centuries“) поени. Дисциплината што ја имав во изминатиот период, како и неколкуте тренинзи во изминатите 2 месеци, ми дадоа самодоверба и сигурност за да можам да се соочам со двајцата наши минатогодишни највисоко рангирани играчи, Берат Јашари и Петар Панов. Во полуфиналето со Јашари изиграв многу борбено и го добив со 4:1, но морам да признаам дека Јашари заради приватни обврски не тренираше подолг период, со што тоа дополнително ми ги зголеми шансите да можам да го совладам. Со Панов во финалето се почувствував дека давам исто толку фокус како во едно финале во 2017 година, кога во Бугарија го освоив првиот интернационален трофеј. Се фокусирав максимално на секоја топка и знаејќи ја спремноста на противникот, не го потценив во ниту еден момент. Овој пат Панов покажа една нова димензија во неговата игра, а тоа е голема смиреност, онаква каква што тој немал никогаш, а таквата смиреност е во суштина дел од секој професионален снукер играч. На крајот победив со 4:2, па се надевам дека и го мотивирав да вежба уште повеќе, а со тоа да покаже уште повисоко ниво на игра во наредните турнири од сезонава, како и на меѓународните настапи, во мечевите од балканските и европските првенства.

Веќе претстојниов викенд во снукер арената на Гран Клуб продолжуваат натпреварите со стартот на „Б“ дивизијата која е отворена за сите ентузијасти и љубители на таканаречените „билијардски спортови“.

The post Павле Данилов им се врати на победите, нов формат на снукер првенството! appeared first on Дерби.

]]>
Редарот не го препозна О’Саливен, Рони сам го објави видеото: Мора е да пикадо фан (Видео) https://derbi.mk/redarot-ne-go-prepozna-osaliven-roni-sam-go-objavi-videoto-mora-e-da-pikado-fan-video/ Tue, 09 Jan 2024 11:59:30 +0000 https://derbi.mk/?p=366809 Рони О’Саливен важи за најголема ѕвезда на светската снукер сцена, а неговата популарност е поткрепена и со трофеите кои не престанува да ги освојува на најпрестижните турнири. Англискиот снукер маестро вчера го победи Динг во осминафиналето на Мастерсот во Лондон, а неговите фанови не беа премногу разочарани и што противникот украде дел од шоуто со […]

The post Редарот не го препозна О’Саливен, Рони сам го објави видеото: Мора е да пикадо фан (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Рони О’Саливен важи за најголема ѕвезда на светската снукер сцена, а неговата популарност е поткрепена и со трофеите кои не престанува да ги освојува на најпрестижните турнири.

Англискиот снукер маестро вчера го победи Динг во осминафиналето на Мастерсот во Лондон, а неговите фанови не беа премногу разочарани и што противникот украде дел од шоуто со максималниот брејк од 147 поени.

О’Саливен имал и една мала „незгода“ пред да дојде во арената „Александра Палас“, откако редарот не само што не го препозна, туку и го натера да почека додека не добие зелено светло за влез со автомобилот во делот наменет за учесниците.

– Мора да е пикадо фан, – напиша Рони на видеото кое самиот го објави утрово, а кое го снимал некој совозач од неговиот автомобил.

The post Редарот не го препозна О’Саливен, Рони сам го објави видеото: Мора е да пикадо фан (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Јашари со нов триумф ја потврди доминацијата во македонскиот снукер шампионат https://derbi.mk/jashari-so-nov-triumf-ja-potvrdi-dominacijata-vo-makedonskiot-snuker-shampionat/ Wed, 06 Dec 2023 14:07:11 +0000 https://derbi.mk/?p=362283

Минатиов викенд се одржа последниот настан од „Алфа Плам Националното првенство во снукер“, односно петтото издание на турнирот каде што се освојуваат поени за крајната табела во генерален пласман. Прашањето на титулата не беше решено претходно, бидејќи актуелниот бранител на трофејот, Берат Јашари, оваа година имаше еден пропуштен турнир (од предвидените пет), па неговите конкуренти […]

The post Јашари со нов триумф ја потврди доминацијата во македонскиот снукер шампионат appeared first on Дерби.

]]>

Минатиов викенд се одржа последниот настан од „Алфа Плам Националното првенство во снукер“, односно петтото издание на турнирот каде што се освојуваат поени за крајната табела во генерален пласман.

Прашањето на титулата не беше решено претходно, бидејќи актуелниот бранител на трофејот, Берат Јашари, оваа година имаше еден пропуштен турнир (од предвидените пет), па неговите конкуренти за највисоките пласмани имаа солидна бодовна состојба.

Стандардниот формат беше 4 групи по 4 играчи, но бидејќи Јашари победи на сите турнири на кои настапи, овој пат му требаше само да помине четвртфинале за да го задржи шампионскиот пехар во снукер, па тоа и се случи. Дополнително главниот конкурент, официјално второпласиран во државното првенство, кавадарчанецот Петар Панов, со прераниот пораз во четвртфиналето на турнирот од охриѓанцот Петар Колоски, му ја олесни задачата на Берат до крајот на турнирот, па тој можеше да игра без посебен притисок, а притоа да ужива во сознанието дека и оваа година , трета по ред, титулата ќе биде негова.

Причина за задоволство имаа и сите младинци. Талентираните Чипишков и Запров, по прв пат ги поминаа групите и стигнаа во четвртфинале каде што загубија од поискусните, Јашари и А. Ставриќ, додека младинскиот првак Марко Величковски беше на чекор до сличен подвиг, но го делеше пласманот во една неверојатно изедначена група, но Филип Нешкоски отиде понатаму благодарение на критериумот за остварен повисок брејк. Нешкоски кој претходно беше во редот на младите таленти во продолжението од својот настап успеа и да изигра еден неверојатен меч со фаворитот Лукревски и да се пласира во полуфиналето. Овој дуел беше еден од најинтересните, најквалитетни, но и најпресвртливи мечеви сезонава, особено вториот фрејм, каде при водство од 1:0 за Филип, и во ситуација каде на Лукревски му беа потребни поени од снукери, успеа да се врати во мечот, па дури и да поведе со поентирање на кафената топка! На крајот, Нешкоски кој во 2019 година беше првиот младинец на Европските превнства за Македонија, успеа да се соземе и да возврати со одличен снукер, на сината, кој се покажа како пресуден за победа и пласман во полуфиналето.

Таму можеше да парира само во првите два фрејам со Јашари и на крај изгуби со 3 1, но се закити со медал за освеното 3-то место на овој турнир.

Во другата половина на елиминациските борби, Колоски по успехот над Панов (кој играше со покачена температура), успеа да покаже уште едно одлично издание во маратонскиот полуфинален меч со секогаш цврстиот противник Александар Ставриќ. На крајот, му снема енергија токму во финалниот меч со Јашари, кога беше поразен од старо-новиот шампион со 3:0, но заслужено го освои „среброто“ од овој турнир.

Во генералниот пласман на „Алфа Плам Националното првенство во снукер“ зад Јашари се најдоа Петар Панов и Павле Данилов, а репрезентативецот Владо Матоски ја финишираше една од своите најдобри сезони со пласман на четвртото место.

Во организација на Снукер Федерацијата на Македонија, на 16 декември ќе се одржи свечена церемонија на доделување на пехарот, дипломите и признанијата за најуспешните во 2023 година.

 

The post Јашари со нов триумф ја потврди доминацијата во македонскиот снукер шампионат appeared first on Дерби.

]]>
Панов со 6 црвени, а Величковски со јуниорски пехар во снукер https://derbi.mk/panov-so-6-crveni-a-velichkovski-so-juniorski-pehar-vo-snuker/ Tue, 10 Oct 2023 08:07:44 +0000 https://derbi.mk/?p=354523

Овој викенд на програмата од снукер календарот на Националното првенство во снукер беа турнирите во 6 црвени и јуниорскиот турнир. Снукер салата на Гранклуб беше стандардно местото во кое се одиграа двата насатани во организација на Снукер Федерацијата. Најпрво во турнирот 6 црвени кој е скратен и забрзан формат на снукер мечевите, а е на […]

The post Панов со 6 црвени, а Величковски со јуниорски пехар во снукер appeared first on Дерби.

]]>

Овој викенд на програмата од снукер календарот на Националното првенство во снукер беа турнирите во 6 црвени и јуниорскиот турнир. Снукер салата на Гранклуб беше стандардно местото во кое се одиграа двата насатани во организација на Снукер Федерацијата.

Најпрво во турнирот 6 црвени кој е скратен и забрзан формат на снукер мечевите, а е на програмата и на континенталните собири и на професионалната тура, Петар Панов ја прекина низата на изгубени финалиња со Берат Јашари и успеа да извои победа со 3 спрема 1 и да го подигне пехарот. Владо Матоски и Александар Ставриќ завршија како 3то пласирани.

Инаку Берат во групната фаза влезе како втор вогрупа по изненадувачкиот пораз од Димитар Ивтимов, што му наметна тешкаа задача во 1/ 4 финалето да се судри со еден од фаворитите , Павле Данилов. Актуелниот шампион извои победа со 3 спрема 1, но заедно со триумфот над Алксандар Ставраќ со идентичен резултат некако влезе изморен во голмото финале. Инаку Берат имаше највисок брејк на турнирот од 49 поени на овој меч и му фалеше една топка за half cenery , што би било највисок официјалн брејк на 6црвени турнирите.

Петар Панов, убедлив во групната фаза, и единствено Лукревски успеа да му земе еден фрејм во 1/4 финалето. Во поуфналето некако неочекувано лесно против Матоски влезе во финалето. Прсуден фрејм по сите познавачи на снукерот беше 3тиот фрејм при рзултат од 1 спрема 1 во фрејмови , и сигурно водство на Јашари , Панов внимателно ги дочека обоените и повредни топки и во низа поентирајќи ја „исчисти„ масата и го украде фрејмот од неговиот противник.

На Националното првенство за натпреварувачи до 18години исто така се случи едно своевидно изненадување. И тоа во првиот меч на јуниорскиот шампион во снукер од 2022год, кој на крајот испадна дека е пресуден, Андреј Ѓурчиновски кој повторно ја имаше фаворитската улога, наиде на неверојатно расположениот Марко Величковски и во еден исклучително атрактивен меч Марко со одличени брејкови и конкретна дефанзивна игра успеа да го нанесе единствениот пораз на Андреј.

Останатите мечеви и двајцата успеа да ги победат и на крајот М. Величковски со 100% учинок, сосема заслужено го доби приматот најдобар снукер јуниор на Македонија за 2023год. Инаку сите натпреварувачи на јуниорскиот турнир не ја надминуваат границата од 16год што доволно говори дека во оваа категорија има потенцијал и време за уште поголеми успеси кој може да се валоризираат и на меѓународните снукер настапи на нашите снукер јуниори. 3то место припадна на помладиот брат на Марко, Теодор, а по него следуваше Стефан Запров.

До крајот на натпреварувачката сезона преостанува последниот турнир од Националното првенство, и последното коло од Балканската Снукер Лига кое ќе се одржи во Босна, како и големиот Балкански отворен турнир во Софија, каде би требало да настапат нашите најдобри снукер играчи.

The post Панов со 6 црвени, а Величковски со јуниорски пехар во снукер appeared first on Дерби.

]]>
Марко Величковски го освои завршниот снукер турнир на младинците https://derbi.mk/marko-velichkovski-go-osvoi-zavrshniot-snuker-turnir-na-mladincite/ Sun, 08 Oct 2023 23:48:07 +0000 https://derbi.mk/?p=354366

Марко Величковски е нов јуниорски првак на Македонија во снукер! Со извонреден резултат од пет победи во петте мечеви, Величковски го презема шампионскиот наслов од Андреј Ѓурчиновски и заслужено го подигна победничкиот пехар. На финалниот турнир за младинците имаше шест учесници и се играше според Бергеров систем (секој со секого), при што Величковски кој е […]

The post Марко Величковски го освои завршниот снукер турнир на младинците appeared first on Дерби.

]]>

Марко Величковски е нов јуниорски првак на Македонија во снукер!

Со извонреден резултат од пет победи во петте мечеви, Величковски го презема шампионскиот наслов од Андреј Ѓурчиновски и заслужено го подигна победничкиот пехар.

На финалниот турнир за младинците имаше шест учесници и се играше според Бергеров систем (секој со секого), при што Величковски кој е член на клубот „147“, низ директни дуели со ривалите стигна до победи кои му го донесоа првото место.

Андреј Ѓурчиновски од „Гран клуб“ е втор, додека на третото место се најдоа Теодор Величковски и Стефан Запров.

Со овој настан беше комплетиран исклучително богатиот снукер викенд, а до крајот на годината останува последното коло од „Алфа Плам Националното првенство“ во сениорска конкуренција, но и меѓународните настапи како Балканската лига и Отворениот турнир во Софија, Бугарија.

 

The post Марко Величковски го освои завршниот снукер турнир на младинците appeared first on Дерби.

]]>