Лига на шампиони Archives - Дерби https://derbi.mk/category/rakomet/liga-na-shampioni-rakomet/ Нема спорт без ДЕРБИ Thu, 28 Mar 2024 22:05:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://derbi.mk/wp-content/uploads/2020/02/derbi-logo-fav-80x80.png Лига на шампиони Archives - Дерби https://derbi.mk/category/rakomet/liga-na-shampioni-rakomet/ 32 32 Веспрем доминантен во унгарското дерби, ПСЖ со победа со која е блиску до Топ 8 во ЛШ (ВИДЕО) https://derbi.mk/vesprem-dominanten-vo-ungarskoto-derbi-pszh-so-pobeda-so-koja-e-blisku-do-top-8-vo-lsh-video/ Thu, 28 Mar 2024 22:50:00 +0000 https://derbi.mk/?p=379203

Екипите на Веспрем и Пари Сен Жермен се на добар пат да обезбедат пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Веспрем како гостин му одржа лекција на Пик Сегед во унгарското дерби со 37:30. Гостите беа ефикасни во двете полувремиња, а најистакни на листата на стрелци беа Деска и Вајлупов со по седум погодоци. Одличен […]

The post Веспрем доминантен во унгарското дерби, ПСЖ со победа со која е блиску до Топ 8 во ЛШ (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>

Екипите на Веспрем и Пари Сен Жермен се на добар пат да обезбедат пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Веспрем како гостин му одржа лекција на Пик Сегед во унгарското дерби со 37:30. Гостите беа ефикасни во двете полувремиња, а најистакни на листата на стрелци беа Деска и Вајлупов со по седум погодоци.

Одличен на голот пак беше Коралес кој забележа 15 интервенции. Фримел пак со шест погодоци се истакна кај поразените.

„Светците“ од Париз пак беа подобри од Висла Плоцк со резултат 30:26. Избраниците на Гонзалес постојано беа чекор, два пред противникот и заслужено дојдоа до триумф со кој широко си ги отворија вратите кон наредната фаза.

Шипжак и Пранди имаа по осум реализации кај Париз, додека Зарабец и Крајевски дадоа по четири гола за домаќините.

The post Веспрем доминантен во унгарското дерби, ПСЖ со победа со која е блиску до Топ 8 во ЛШ (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>
Кјелце го разби ГОГ, Загреб и Монпелје водеа изедначена битка (ВИДЕО) https://derbi.mk/kjelce-go-razbi-gog-zagreb-i-monpelje-vodea-izednachena-bitka-video/ Wed, 27 Mar 2024 22:55:08 +0000 https://derbi.mk/?p=379085

Ракометарите на Кјелце се на добар пат да обезбедат место во четвртфиналето на Лигата на шампиони откако го разбија ГОГ Гудме со 33:25 во првата средба од оваа фаза. Полскиот тим доминираше на гостувањето во Данска и со тоа ширум си ги отвори вратите за пласман во наредната фаза. Алекс Душебаев со 9 голови беше […]

The post Кјелце го разби ГОГ, Загреб и Монпелје водеа изедначена битка (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>

Ракометарите на Кјелце се на добар пат да обезбедат место во четвртфиналето на Лигата на шампиони откако го разбија ГОГ Гудме со 33:25 во првата средба од оваа фаза.

Полскиот тим доминираше на гостувањето во Данска и со тоа ширум си ги отвори вратите за пласман во наредната фаза. Алекс Душебаев со 9 голови беше прв стрелец, а одличен на голот беше голманот Волф со 14 интервенции.

Захариесен и Мадсен имаа по четири реализации кај домашниот состав.

Загреб и Монпелје пак одиграа без победник (27:27) во вечерашната пресметка во Хрватска. Гостите го добија првиот дел со 13-11, домаќините вториот со 16:14 што значи имаме одлична најава за интересен реванш во Франција закажан за 3 април.

Срна со 6 гола ја предводеше листата кај домаќините, додека Симонет и Скубе на другата страна имаа по 6 погодоци.

The post Кјелце го разби ГОГ, Загреб и Монпелје водеа изедначена битка (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>
Лесјак ја има четвртата најдобра одбрана во ЛШ (ВИДЕО) https://derbi.mk/lesjak-ja-ima-chetvrtata-najdobra-odbrana-vo-lsh-video/ Sat, 09 Mar 2024 06:33:58 +0000 https://derbi.mk/?p=376194

Голманот на Еурофарм Пелистер, Урбан Лесјак ја има четвртата најдобра одбрана на колото во Лигата на шампионите. Клубот од Битола во последната рунда од групната фаза му гостуваше на Колстад, тим од кој загуби со 34:27, но од тој меч стигна едно признание и тоа за Лесјак кој имаше интервенција со која се најде во […]

The post Лесјак ја има четвртата најдобра одбрана во ЛШ (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>

Голманот на Еурофарм Пелистер, Урбан Лесјак ја има четвртата најдобра одбрана на колото во Лигата на шампионите.

Клубот од Битола во последната рунда од групната фаза му гостуваше на Колстад, тим од кој загуби со 34:27, но од тој меч стигна едно признание и тоа за Лесјак кој имаше интервенција со која се најде во фокусот на ЕХФ.

Одбраната на Словенецот се најде на Топ 5 листата која пак ја предводи членот на Магдебург, Сергеј Ернандес.

The post Лесјак ја има четвртата најдобра одбрана во ЛШ (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>
Кој со кого на патот до Келн? Познат е „костурот“ за нокаут рундите во ЛШ (ФОТО) https://derbi.mk/koj-so-kogo-na-patot-do-keln-poznat-e-kosturot-za-nokaut-rundite-vo-lsh-foto/ Fri, 08 Mar 2024 06:10:04 +0000 https://derbi.mk/?p=376031

Со дуелите во Шпанија, Унгарија, Словенија и Полска беше комплетирана групната фаза во Лигата на шампионите, односно по 14. одиграни рунди веќе е јасно што не очекува на патот до Келн каде се игра завршниот турнир во ова натпреварување. Кил, Алборг, Магдебург и Барселона се слободни во првата нокаут фаза поради тоа што завршија на […]

The post Кој со кого на патот до Келн? Познат е „костурот“ за нокаут рундите во ЛШ (ФОТО) appeared first on Дерби.

]]>

Со дуелите во Шпанија, Унгарија, Словенија и Полска беше комплетирана групната фаза во Лигата на шампионите, односно по 14. одиграни рунди веќе е јасно што не очекува на патот до Келн каде се игра завршниот турнир во ова натпреварување.

Кил, Алборг, Магдебург и Барселона се слободни во првата нокаут фаза поради тоа што завршија на првите две места во групите Аи Б, поточно мирно ќе ги дочекаат нивните наредни ривали.

Бундеслигашите Кил и Магдебург ќе ги чекаат подобрите од пресметките Загреб-Монпелје, односно Гог Гудме-Кјелце.

Победникот од Висла Плоцк-ПСЖ ќе оди на мегдан со Барселона, додека последниот четвртфинален пар ќе го сочинува Алборг и подобриот од унгарското дерби Пик Сегед-Веспрем.

foto: twitter.com/ehfcl

Турниорот во Келн е закажан за 8/9 јуни во „Ланксес Арена“.

The post Кој со кого на патот до Келн? Познат е „костурот“ за нокаут рундите во ЛШ (ФОТО) appeared first on Дерби.

]]>
Ангеловски: Горд сум, игравме со тим со многу македонски играчи https://derbi.mk/angelovski-gord-sum-igravme-so-tim-so-mnogu-makedonski-igrachi/ Thu, 07 Mar 2024 06:07:35 +0000 https://derbi.mk/?p=375830

Составот на Еурофарм Пелистер не успеа да оствари позитивен резултат ниту на завршниот меч од групната фаза на Лигата на шампионите, поточно последен им зема мерка составот на Колстад кој славеше со 34-27. Македонскиот првак кој не беше комплетен на овој меч не можеше да му парира на домаќинот низ сите 60 минути, односно Колстад […]

The post Ангеловски: Горд сум, игравме со тим со многу македонски играчи appeared first on Дерби.

]]>

Составот на Еурофарм Пелистер не успеа да оствари позитивен резултат ниту на завршниот меч од групната фаза на Лигата на шампионите, поточно последен им зема мерка составот на Колстад кој славеше со 34-27.

Македонскиот првак кој не беше комплетен на овој меч не можеше да му парира на домаќинот низ сите 60 минути, односно Колстад со две полувремиња по 17 гола обезбеди сигурен триумф и достоинствено го заврши настапот во елитната конкуренција.

Предводникот на клубот од Битола, Бранко Ангеловски е задоволен како се претстави неговиот тим или поточно пред се беше горд на македонските играчи.

-Честитки до Колстад за победата. Тие одиграа подобро од тоа што го анализиравме. Не бевме целосно подготвени затоа што го немавме целиот тим на располагање. Сепак, горд сум на моите момци, бидејќи игравме со млад тим, тим полн со македонски играчи. Тоа е иднината на нашиот ракомет, ние доаѓаме од мала земја каде ракометот е спорт број еден. Се надевам дека секоја година ќе бидеме подобри на клупско и секако репрезентативно ниво, -истакна тренерот Ангеловски.

Краток коментар имаше Урош Борзаш кој беше најдобар играч на „фармацевтите“ на ова гостување.

-Сакам да му честитам на Колстад за победата. Горд сум на нашиот тим и тоа како одигравме со многу млади играчи. Дел од нив ги имаа првите посериозни минути во Лигата на шампионите, -порача бекот.

The post Ангеловски: Горд сум, игравме со тим со многу македонски играчи appeared first on Дерби.

]]>
Пелистер со пораз од Колштад ја заврши авантурата во ЛШ https://derbi.mk/pelister-so-poraz-od-kolshtad-ja-zavrshi-avanturata-vo-lsh/ Wed, 06 Mar 2024 19:30:30 +0000 https://derbi.mk/?p=375798

Еурофарм Пелистер се врати во ракоментата елита откако минатата сезона стана македонски национален првак, но новото искуство во Лигата на шампионите донесе разочарувачка серија на резултати, која денеска беше завршена со уште еден пораз. Тимот на Ангеловски ја изврши својата последна задача со гостување во Норвешка кај Колштад, но „зелено-белите“ го претрпеа и 14-от пораз […]

The post Пелистер со пораз од Колштад ја заврши авантурата во ЛШ appeared first on Дерби.

]]>

Еурофарм Пелистер се врати во ракоментата елита откако минатата сезона стана македонски национален првак, но новото искуство во Лигата на шампионите донесе разочарувачка серија на резултати, која денеска беше завршена со уште еден пораз.

Тимот на Ангеловски ја изврши својата последна задача со гостување во Норвешка кај Колштад, но „зелено-белите“ го претрпеа и 14-от пораз на 14-от одигран натпревар во најелитното натпреварување.

Стручниот штаб преводен од тренерот Бранислав Ангеловски реши да замине во Трондхајм со подмладен состав и без дел од носителите на тимот, а тоа беше добра увертира за нов неуспех во Европа.

Колштад се одлепи доста рано и поведе со 9:3, а тоа им овозможи на домаќините да ги контролираат случувањата на теренот и на пауза да заминат со предност од 17:13.

Разликата од четири гола се одржуваше во првата фаза од второто полувреме, но потоа Колштад повторно направија серија со три гола во низа и замна на 28:21, што автоматски значеше дека мечот е завршен. Колштад на крајот победи со 34:27 и со петта победа се прости од Лигата на шампиони, додека Пелистер ја заврши оваа сезона без ниту еден триумф.

The post Пелистер со пораз од Колштад ја заврши авантурата во ЛШ appeared first on Дерби.

]]>
Ангеловски пред последниот меч во ЛШ: Вардар беше државен проект, а Металург губеше по 15 гола разлика https://derbi.mk/angelovski-pred-posledniot-mech-vo-lsh-vardar-beshe-drzhaven-proekt-a-metalurg-gubeshe-po-15-gola-razlika/ Tue, 05 Mar 2024 12:31:44 +0000 https://derbi.mk/?p=375610

Еурофарм Пелистер полека ја привршува својата сезона во Лигата на шампионите, а на гостувањето во Норвешка патува со 13 претрпени порази на исто толку одиграни натпревари. Кам-бекот во најелитното натпреварување покажа дека Пелистер во овој момент не може да се носи со најсилните ривали во Европа, па така пред натпреварот со Колштад, тренерот Бранислав Ангеловски […]

The post Ангеловски пред последниот меч во ЛШ: Вардар беше државен проект, а Металург губеше по 15 гола разлика appeared first on Дерби.

]]>

Еурофарм Пелистер полека ја привршува својата сезона во Лигата на шампионите, а на гостувањето во Норвешка патува со 13 претрпени порази на исто толку одиграни натпревари.

Кам-бекот во најелитното натпреварување покажа дека Пелистер во овој момент не може да се носи со најсилните ривали во Европа, па така пред натпреварот со Колштад, тренерот Бранислав Ангеловски направи и една споредба и паралела со останатите два клуба кои претходните години ја претставуваат Македонија во Лигата на шампионите.

– Ние треба да сме горди од самото играње во Лигата на шампионите, ние го претставувавме нашиот клуб, нашиот град и нашата држава. Пред да станеме шампиони, со години наназад се зборуваше дека нема да можеме да играме во Битола и дека ќе треба да играме во Скопје. Организациски извлековме максимум од оваа сала, благодарност до општината и сите спонзори кои се локални.

– Не заборавајте дека ние го имаме најмалиот буџет во Лигата на шампионите. Екипи од Лигата на Европа имаат двојно поголем буџет од нас, но и тие не ја минаа групата во тоа натпреварување. За нас е престиж што игравме со вакви тимови, секој почетокот е тежок. Металург во првата сезона во Лигата на шампионите губеше по 15 разлика од Чеховски Медведи и Загреб, а потоа дојде до ситуација да се надева на фајнал-фор.

– Слично беше и со Вардар пред Самсоненко и по неговото доаѓање. Мора да се сфати дека Пелистер е локален клуб и не е државен проект. Вардар беше национален проект и тоа не е случајот со нас. Секако дека би сакал тоа да се случи и со нас, Пелистер и Битола заслужуваат такво нешто, исто како и било кој друг клуб од Македонија, – изјави Ангеловски.

The post Ангеловски пред последниот меч во ЛШ: Вардар беше државен проект, а Металург губеше по 15 гола разлика appeared first on Дерби.

]]>
Брилијантниот Митревски е автор на втората најдобра одбрана во ЛШ (ВИДЕО) https://derbi.mk/brilijantniot-mitrevski-e-avtor-na-vtorata-najdobra-odbrana-vo-lsh-video/ Fri, 01 Mar 2024 16:52:12 +0000 https://derbi.mk/?p=375078

Искусниот македонски голман, Никола Митревски имаше квалитетна партија против Целје во Лигата на шампионите, поточно со своите одбрани придонесе Порто да дојде до посакуваниот резултат и да остане во игра за пласман во нокаут фазата. Митревски блескаше, Порто со значајна победа остана во игра за нокаут фазата на ЛШ (ВИДЕО) Репрезентативецот имаше 14 одбрани, а […]

The post Брилијантниот Митревски е автор на втората најдобра одбрана во ЛШ (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>

Искусниот македонски голман, Никола Митревски имаше квалитетна партија против Целје во Лигата на шампионите, поточно со своите одбрани придонесе Порто да дојде до посакуваниот резултат и да остане во игра за пласман во нокаут фазата.

Митревски блескаше, Порто со значајна победа остана во игра за нокаут фазата на ЛШ (ВИДЕО)

Репрезентативецот имаше 14 одбрани, а една од нив доби признание од ЕХФ и се најде на Топ 5 листата на 13. коло.

Митревски спречи гол по цепелин на гостите, па со таа своја мајсторија се најде во вицешампионското место. Позицијата број еден е наменета за Јаник Грин кој имаше две интервенции за кратко време во дуелот со Загреб.

Овде можете да го погледнете Топ изборот на ЕХФ.

The post Брилијантниот Митревски е автор на втората најдобра одбрана во ЛШ (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>
Кристјансон со гол пред звукот на сирената ја матираше Барселона (ВИДЕО) https://derbi.mk/kristjanson-so-gol-pred-zvukot-na-sirenata-ja-matirashe-barselona-video/ Fri, 01 Mar 2024 06:10:50 +0000 https://derbi.mk/?p=374980

Магдебург и Барселона одиграа драматичен меч во дерби пресметката од 13. коло во Лигата на шампионите, средба која беше одлучена пред звукот на сирената за славје на домаќините од 29:28. Бундеслигашот знае да биде многу незгоден за каталонците во последниве години и тоа уште еднаш се потврди на пресметката во Германија која беше решена од […]

The post Кристјансон со гол пред звукот на сирената ја матираше Барселона (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>

Магдебург и Барселона одиграа драматичен меч во дерби пресметката од 13. коло во Лигата на шампионите, средба која беше одлучена пред звукот на сирената за славје на домаќините од 29:28.

Бундеслигашот знае да биде многу незгоден за каталонците во последниве години и тоа уште еднаш се потврди на пресметката во Германија која беше решена од страна на Гисли Кристјансон.

Исланѓанецот ја презема одговорноста во последниот напад и успеа да упати неодбранлив удар во мрежата на Перез Де Варгас за големо задоволство и славје на домашните навивачи. Токму Гисли со шест реализаиции беше прв стрелец, кај гостите пак се истакна Фраде со осум погодоци.

The post Кристјансон со гол пред звукот на сирената ја матираше Барселона (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>
Пешевски: Го одигравме најдоброто прво полувреме во ЛШ, но потоа… https://derbi.mk/peshevski-go-odigravme-najdobroto-prvo-poluvreme-vo-lsh-no-potoa/ Thu, 29 Feb 2024 06:22:20 +0000 https://derbi.mk/?p=374811

  Македонскиот првак, Еурофарм Пелистер загуби од Алборг со 33:28 во 13. натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите. Ова за битолчани беше последен меч на домашен терен, меч на кој се бореа низ сите 60 минути, меѓутоа Алборг во моментов е на друго ниво и заслужено дојде до резултатот што го посакуваше. -Честитки […]

The post Пешевски: Го одигравме најдоброто прво полувреме во ЛШ, но потоа… appeared first on Дерби.

]]>

 

Македонскиот првак, Еурофарм Пелистер загуби од Алборг со 33:28 во 13. натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите.

Ова за битолчани беше последен меч на домашен терен, меч на кој се бореа низ сите 60 минути, меѓутоа Алборг во моментов е на друго ниво и заслужено дојде до резултатот што го посакуваше.

-Честитки до Алборг за триумфот во оваа пеколна арена. Мислевме дека Алборг ќе потпадне на притисокот, но тоа е ѕвезден тим со многу титули зад себе има одиграно многу вакви натпревари. Покажаа дека се подобар противник. Сметам дека за разлика од другите натпревари ова беше нашето најдобро прво полувреме на домашен терен во ЛШ.

-Игравме егал во првото полувреме, а потоа отворивме лошо и кога ќе направите грешки против ваков противник е тешко да се вратите во игра. Наша задача поради овие прекрасни навивачи и да одиграме максимално и на последниот натпревар во Норвешка. Нема да се предадеме против Колстад. Пред нас е возбудлива пролет и се надеваме на нови успеси, -порача капитенот Жарко Пешевски.

The post Пешевски: Го одигравме најдоброто прво полувреме во ЛШ, но потоа… appeared first on Дерби.

]]>