Промоции Archives - Дерби https://derbi.mk/category/magazin/promocii/ Нема спорт без ДЕРБИ Fri, 08 Mar 2024 14:09:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://derbi.mk/wp-content/uploads/2020/02/derbi-logo-fav-80x80.png Промоции Archives - Дерби https://derbi.mk/category/magazin/promocii/ 32 32 Јосифовска-Спасовска: Вложувањето во жените поттикнува раст и напредок на заедницата https://derbi.mk/josifovska-spasovska-vlozhuvanjeto-vo-zhenite-pottiknuva-rast-i-napredok-na-zaednicata/ Fri, 08 Mar 2024 14:09:55 +0000 https://derbi.mk/?p=376121

Инвестирањето во вработените e клучнo за развојот на компаниите, а со тоа и на целото општество. Ова го истакна Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управен одбор и директор во „Макпетрол“, на денешниот настан Ring the Bell for Gender Equality што се одржа во „Македонска Берза“. Меѓународната иницијатива, отпочната од Обединетите Нации во 2015 и во која […]

The post Јосифовска-Спасовска: Вложувањето во жените поттикнува раст и напредок на заедницата appeared first on Дерби.

]]>

Инвестирањето во вработените e клучнo за развојот на компаниите, а со тоа и на целото општество. Ова го истакна Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управен одбор и директор во „Макпетрол“, на денешниот настан Ring the Bell for Gender Equality што се одржа во „Македонска Берза“. Меѓународната иницијатива, отпочната од Обединетите Нации во 2015 и во која годинава учествуваат повеќе од 100 земји, има за цел да ја крене свесноста за потребата од родова еднаквост. Поводот е 8 март, Меѓународниот ден на жената, а темата е Invest in Women: Accelerate Progress.

– Вложувањето во жените мора да биде наш приоритет, затоа што целосната рамноправност сè уште не е постигната. Тоа може да се оствари само преку создавање можности што на жените им отвораат реални шанси за остварување на својот потенцијал. Потврда за ова е фактот што Обединетите нации годинава го одбележуваат 8 март со тема што го истакнува значењето на инвестирањето во жените. Уште подобро е што причината за тоа е сосема јасна – вложувањето во жените носи напредок! – вели Јосифовска-Спасовска.

Во однос на родовата еднаквост, прогнозите на Обединетите нации не се воопшто позитивни. Ако трендовите продолжат, над 340 милиони жени до 2030 година би можело да живеат во екстремна сиромаштија. Споредено со мажите, жените минуваат трипати повеќе време грижејќи се за други лица, а притоа таа работа е неплатена. Ако им се даде финансиска вредност на овие активности, таа може да достигне и до 40 отсто од БДП на одредени земји. Гледано глобално, жените можат да остварат околу 64 отсто од законските права што им се достапни на мажите.

Директорката во „Макпетрол“ истакнува дека ова се само дел од статистиките што се навистина загрижувачки и кои ќе бидат споменати на овој Меѓународен ден на жената. Според Јосифовска-Спасовска, најважно, сепак, е што секој од нас, како личност, но и во рамките на компанијата, во пракса презема за нештата да се придвижат кон подобро. Таа нагласува дека, конкретно, „Макпетрол“ отсекогаш работел на овој план и вложувал во жените што се дел од компанијата.

– Историски гледано, години наназад во раководството на „Макпетрол“ жените се застапени и рамноправно придонесувале во целокупното работење на компанијата. Вработените во нашата компанија се најзаслужни за секојдневниот напредок, а жените се суштински дел од овој процес. Во своите бизнис-планови „Макпетрол“ секогаш одвојува средства што се вложуваат во професионални обуки, можности за доедукација и отворени опции за кариерно унапредување на жените што се дел од компанијата. Како резултат на тоа, сè повеќе жени се застапени во раководните структури на нашата компанија, на што сум особено горда – вели членката на управниот одбор на „Макпетрол“.

Марија Јосифовска-Спасовска потенцира дека ова е досегашниот долгорочен пристап кој и натаму ќе биде дел од стратешките приоритети на „Макпетрол“. Таа вели:
– Напредокот на компанијата е особено важен, но нема дилема дека тој е тесно поврзан и со напредокот на заедницата. Ако, пак, се знае дека секоја жена е нејзин носечки столб, којшто обезбедува стабилност и поддршка, инвестирањето во жените е стратегија што гарантира подобра иднина и развој на целото општество.

The post Јосифовска-Спасовска: Вложувањето во жените поттикнува раст и напредок на заедницата appeared first on Дерби.

]]>
„Месец за неа“: Кошаркарите на МЗТ со посебен гест го честитаа празникот на посетителките во „Капитол Мол“ https://derbi.mk/mesec-za-nea-kosharkarite-na-mzt-so-poseben-gest-go-chestitaa-praznikot-na-posetitelkite-vo-kapitol-mol/ Fri, 08 Mar 2024 14:00:37 +0000 https://derbi.mk/?p=376118

Секоја година 8 Март одново не потсетува колку посебни и битни жени постојат во нашите животи, секоја година ги славиме нивните достигнувања, се восхитуваме на нивниот мајчински инстинкт, на нивната верност кон пријателствата, на нивната истрајност во кариерата. Денешниот ден, како и останатите 365 дена од годината, секоја жена треба да се чувствува сакано, сигурно […]

The post „Месец за неа“: Кошаркарите на МЗТ со посебен гест го честитаа празникот на посетителките во „Капитол Мол“ appeared first on Дерби.

]]>

Секоја година 8 Март одново не потсетува колку посебни и битни жени постојат во нашите животи, секоја година ги славиме нивните достигнувања, се восхитуваме на нивниот мајчински инстинкт, на нивната верност кон пријателствата, на нивната истрајност во кариерата.

Денешниот ден, како и останатите 365 дена од годината, секоја жена треба да се чувствува сакано, сигурно и посебно. Токму затоа, Капитол Мол на своите посетителки им приреди посебно изненадување со симпатичен гест.

Капитол Мол заедно со кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје беа причина за насмевка кај секоја дама што денеска го посети трговскиот центар. Во текот на денешниот празничен ден, кошаркарите на сите жени, девојки, мајки и баби им подарија ружи и лалиња, им го разубавија денот и им посакаа да останат свои, единствени и да шират љубов.

– Овој ден треба да биде посебен за секоја жена, затоа што навистина секогаш инспирираат и мотивираат. Секој ден одново имам прилика тоа да го видам и да го почувствувам благодарение на кошарката и секојдневната комуникација со моите колешки – кошаркарки. Јас сум дел од кошаркарскиот клуб МЗТ и веднаш, со задоволство го прифатив денешниот предизвик и одлучив дека ќе бидам дел од овој осмомартовски настан во Капитол Мол со цел да бидам причина за насмевка за жените што ги сретнав тука. Во име на целиот МЗТ тим им го честитам празникот на сите дами и им посакувам секој нареден ден да бидат ценети, почитувани и да се сакаат себе како што знаат да ги сакаат свои најблиски,- вели Марко Миловановиќ, играч во КК МЗТ Скопје.

Во Капитол Мол денеска владееја само позитивни вибрации и празничното расположение се чувствуваше во секој агол, а тоа ќе продолжи и во текот на целиот месец, затоа што март е „Месец за неа“. Подготвени се неодоливи понуди за сечиј вкус и неверојатни попусти.

Секојдневното купување треба да претставува огромно задоволство и да биде време издвоено за уживање, а тоа е главното мото на Капитол Мол. Секој посетител е важен, а овој месец најважна е жената затоа што Капитол е Твој Мол, Твое Место

The post „Месец за неа“: Кошаркарите на МЗТ со посебен гест го честитаа празникот на посетителките во „Капитол Мол“ appeared first on Дерби.

]]>
Општина Петровец се вклучува во „Крени глас против врсничко насилство“ на „Макпетрол“ https://derbi.mk/opshtina-petrovec-se-vkluchuva-vo-kreni-glas-protiv-vrsnichko-nasilstvo-na-makpetrol/ Thu, 08 Feb 2024 08:00:30 +0000 https://derbi.mk/?p=371265

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ ги проширува активностите и во Општина Петровец. Градоначалникот Борче Митевски и членката на управниот одбор и директорка во компанијата, Марија Јосифовска-Спасовска денес потпишаа меморандум за соработка. Како дел од „Крени глас против врсничко насилство“, учениците во оваа скопска општина ќе учествуваат во работилници преку кои што ќе се запознаат со […]

The post Општина Петровец се вклучува во „Крени глас против врсничко насилство“ на „Макпетрол“ appeared first on Дерби.

]]>

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ ги проширува активностите и во Општина Петровец. Градоначалникот Борче Митевски и членката на управниот одбор и директорка во компанијата, Марија Јосифовска-Спасовска денес потпишаа меморандум за соработка. Како дел од „Крени глас против врсничко насилство“, учениците во оваа скопска општина ќе учествуваат во работилници преку кои што ќе се запознаат со причините, последиците како и со начините на кои што можат да се справуваат со булингот.

– Не треба да има дилеми дека врсничкото насилство е проблем што остава долгорочни, а понекогаш и трајни последици кај тие што со него ќе се соочат додека се деца или млади. Активностите од нашата кампања дејствуваат во повеќе насоки, меѓутоа, двете што се издвојуваат како најзначајни се потребата отворено да се разговара за булингот и едукацијата што темелно ги обработува различните аспекти на оваа негативна појава. Со јавната комуникација што ја спроведуваме гледаме дека интересот за изнаоѓање решенија на врсничкото насилство се зголемува, а преку работилниците на учениците им овозможуваме детално да се запознаат со начините на кои што булингот може да се препознае, како треба да се постапува кога има такви случаи и што треба да се примени за да се намалат долгорочните ефекти на овој проблем – истакнува Јосифовска-Спасовска.

Три општини се приклучија на кампањата изминатиов период – Штип, Бутел и Петровец. Во периодот што измина „Макпетрол“ потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров. Во пет од овие општини веќе се одржаа работилници, а во образовните установи од останатите, истите ќе се одвиваат во следните недели.

За учениците, како и за нивните родители и претставници на стручните служби од училиштата, „Макпетрол“ испечати и едукативни материјали кои што содржат информации за различните аспекти на проблемот со врсничкото насилство. Во текот на работилниците, пак, младите, заедно со нивните наставници и други членови на образовните установи, имаат можност од псисхолог да добијат подробни знаења за формите на булингот, како што се физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството. Пристапот применет на овие средби потоа може да се употреби и во редовната настава од страна на стручните служби во училиштата.

Вебсајтот kreniglas.mk претставува онлајн-простор каде што се собрани голем број информации, совети и искуства поврзани со булингот. Преку оваа платформа, кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ на децата, родителите, како и на наставниците им овозможува да дознаат повеќе за појавата која што претставува сериозен општествен проблем. На интернет-страницата има интерактивни тестови преку кои што секој анонимно може да открие дали бил извршител, жртва или набљудувач на случаи со булинг. Исто така, без откривање на идентитетот, на сајтот може да се сподели личната приказна поврзана со овој проблем.

Општиот впечаток во јавноста е дека негативните искуства што се резултат на врсничко насилство децата ги надминуваат со текот на развојот. Од друга страна, изминативе години повеќе научни истражувања потврдуваат дека долгорочните последици од булингот се реални и можат да предизвикаат сериозни психолошки, емоционални и физички потешкотии во иднина. Преку кампањата, освен што остварува еден од своите стратешки приоритети, „Макпетрол“ сака да поттикне отворена дискусија за булингот и на младите, како најзасегнати, да им обезбеди знаења и поддршка.

The post Општина Петровец се вклучува во „Крени глас против врсничко насилство“ на „Макпетрол“ appeared first on Дерби.

]]>
Марија Јосифовска-Спасовска од „Макпетрол“ меѓу највлијателните 50 луѓе на Балканот https://derbi.mk/marija-josifovska-spasovska-od-makpetrol-megju-najvlijatelnite-50-lugje-na-balkanot/ Thu, 01 Feb 2024 07:49:34 +0000 https://derbi.mk/?p=370275

Иницијаторот на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, Марија Јосифовска-Спасовска, се најде на листата на 50 највлијателни луѓе во регионот според „Блумберг Адрија“. Како член на управниот одбор и директор во „Макпетрол“, Јосифовска-Спасовска е предводник на активностите за едукација и подобрување на состојбите поврзани со булингот. Токму овој ангажман е истакнат како клучна […]

The post Марија Јосифовска-Спасовска од „Макпетрол“ меѓу највлијателните 50 луѓе на Балканот appeared first on Дерби.

]]>

Иницијаторот на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, Марија Јосифовска-Спасовска, се најде на листата на 50 највлијателни луѓе во регионот според „Блумберг Адрија“. Како член на управниот одбор и директор во „Макпетрол“, Јосифовска-Спасовска е предводник на активностите за едукација и подобрување на состојбите поврзани со булингот. Токму овој ангажман е истакнат како клучна причина за нејзиното вклучување во оваа селекција на регионалната медиумска мрежа. Меѓу имињата издвоени од Македонија, таа е единствената жена.

– „Крени глас против врсничкото насилство“ е кампања на која што, посветено и темелно, работевме подолго време. Уште од нејзината зачетна фаза, кога имаше форма на моја лична замисла и искрена надеж за тоа како би можеле да помогнеме и да придонесеме во развојот на идните генерации, меѓу главните цели ни беше да поттикнеме отворена општествена дискусија за проблемот со булингот и да создадеме терен за соработка која што ќе им обезбеди поткрепа на најбитните за иднината на која било земја – децата и младите. Навистина сме задоволни, не само од реакциите на комуникацискиот аспект на кампањата, туку и од фактичкото вклучување на голем број општини со нивните образовни установи. Преку поврзувањето на сите овие елементи, кое што ќе продолжи и во следниот период, се надеваме дека заеднички ќе дојдеме до решенија што долгорочно ќе помогнат во соочувањето со проблемот со врсничкото насилство. Овој избор од „Блумберг Адрија“ е уште една потврда дека сме на вистинскиот пат – вели Марија Јосифовска-Спасовска член на управниот одбор и директор во „Макпетрол“.

Во процесот на избор, секоја регионална редакција на медиумот – српска, хрватска, словенечка, босанска и македонска – номинирала свои кандидати во пет категории: бизнис, финансии, технологија и наука, спорт, забава, како и посебни достигнувања. Во првичната селекција влегле над 140 кандидати, а во топ 50 се избрани тие со најмногу гласови.

– Поттикна лавина акции во целото македонско општество, а кампањата, која во земјата се организира под водство на нафтената компанија „Макпетрол“ и директорката за човечки ресурси Марија Јосифовска-Спасовска, како ниедна досега ги мобилизира институциите – молкот да стане гласен збор кога е во прашање врсничкото насилство. Станува збор за кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“, која произлезе со цел да поттикне промени во начинот на кој се сфаќа врсничкото насилство, но и кои чекори треба да се преземат за таквото однесување да биде препознаено и спречено. Во текот на 2023 година овој глас допре до илјадници ученици во 40 основни училишта, во кои се реализираа работилници, предводени од психолог и стручните служби на училиштата. Децата учеа за врсничкото насилство како да препознаат дали биле сторители, жртви или набљудувачи и гласно да зборуваат за тоа. Таму каде што потфрлија институциите, своето го одработе токму оваа кампања – напиша „Блумберг Адрија“ за изборот на Јосифовска-Спасовска.

Десет општини во Македонија досега директно се вклучија во кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ преку работилници за учениците и за стручните служби овозможени од „Макпетрол“. За поефикасна реализација на активностите, досега беа потпишани меморандуми за соработка со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Штип. До крајот на 2023 година работилници се одржаа во пет, а во останатите општини најмладите ќе имаат можност да се здобијат со знаења во следните недели.

Освен организирање работилиници со психолог, „Макпетрол“ за училиштата испечати материјал со кој што учениците, стручните служби, како и родителите, подетално го запознаваат проблемот со булингот. Комуникациските материјали на кампањата, како едукативни спотови, епизоди од анимираната серија „Биби и Боби“ и брошури и во иднина ќе бидат достапни на социјалните мрежи, како и на вебсајтот kreniglas.mk. Оваа платформа, исто така, овозможува секој што имал искуство со булинг, анонимно да ја сподели својата приказна. Интерактивните тестови, пак, помагаат да се дознае дали некој бил сторител, жртва или набљудувач на врсничкото насилство.

Со активностите од „Крени глас против врсничкото насилство“ се остварува еден од стратешките приоритети на „Макпетрол“ – општествената одговорност.

The post Марија Јосифовска-Спасовска од „Макпетрол“ меѓу највлијателните 50 луѓе на Балканот appeared first on Дерби.

]]>
„Макпетрол“ донира новогодишни подароци за дечињата од куќата „Верна“ во СОС Детско Село https://derbi.mk/makpetrol-donira-novogodishni-podaroci-za-dechinjata-od-kukjata-verna-vo-sos-detsko-selo/ Wed, 20 Dec 2023 13:00:12 +0000 https://derbi.mk/?p=364236

Децата што со згрижувачко семејство живеат во куќата „Верна“, а чијшто кум е „Макпетрол“, денес добија новогодишни подароци. Во празнично расположение, дечињата беа израдувани со различни содржини со кои што ќе можат да се забавуваат и кои што ќе им помогнат полесно да ги совладаат предизвиците во следната 2024 година. – Општествената одговорност долги години […]

The post „Макпетрол“ донира новогодишни подароци за дечињата од куќата „Верна“ во СОС Детско Село appeared first on Дерби.

]]>

Децата што со згрижувачко семејство живеат во куќата „Верна“, а чијшто кум е „Макпетрол“, денес добија новогодишни подароци. Во празнично расположение, дечињата беа израдувани со различни содржини со кои што ќе можат да се забавуваат и кои што ќе им помогнат полесно да ги совладаат предизвиците во следната 2024 година.

– Општествената одговорност долги години е стратешка цел на „Макпетрол“ од повеќе причини, меѓу кои во врвот е нашата верба во заедницата и во нејзините членови. До оваа цел се придржуваме и затоа што сме убедени дека помагањето им дава поддршка на тие на кои што им е најпотребна, но и служи како поттик на сите што се вклучени во овие активности на споделување добрина. Празниците најчесто се повод за секој од нас да најде начин како да придонесе нашата заедница да се подобри, а токму тоа е нешто што како компанија го практикуваме во текот на целата година  – вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управен одбор и директор во „Макпетрол“.

„Макпетрол“ во април стана нов стратешки партнер на СОС Детско село. Компанијата стана кум на куќата „Верна“ во која живеат четири деца и нивните згрижувачки родители. Компанијата годинава ќе донира средства за потребната финансиска поддршка на згрижувачкото семејство. За растот и развојот на четирите деца се грижи брачна двојка со повеќегодишно згрижувачко искуство.

Активностите на „Макпетрол“ за поддршка на работата на СОС Детско село е дел од платформата за општествена одговорност на компанијата, „Движиме заедно“.

The post „Макпетрол“ донира новогодишни подароци за дечињата од куќата „Верна“ во СОС Детско Село appeared first on Дерби.

]]>
Уште десет студенти со можност да станат стипендисти на „Едуката“ до крајот на годината! https://derbi.mk/ushte-deset-studenti-so-mozhnost-da-stanat-stipendisti-na-edukata-do-krajot-na-godinata/ Wed, 20 Dec 2023 08:12:27 +0000 https://derbi.mk/?p=364246

Фондацијата за образовна и хуманитарна општествена дејност ЕДУКАТА на Видеолотарија Касинос Австрија, ќе стипендира уште десет редовни студенти, запишани првпат на студиската 2023/2024 година на додипломски студии од првиот циклус на јавните универзитети во Скопје, Република Северна Македонија. Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, придонесува младите луѓе да добијат еднакви можности за стекнување знаење […]

The post Уште десет студенти со можност да станат стипендисти на „Едуката“ до крајот на годината! appeared first on Дерби.

]]>

Фондацијата за образовна и хуманитарна општествена дејност ЕДУКАТА на Видеолотарија Касинос Австрија, ќе стипендира уште десет редовни студенти, запишани првпат на студиската 2023/2024 година на додипломски студии од првиот циклус на јавните универзитети во Скопје, Република Северна Македонија.

Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, придонесува младите луѓе да добијат еднакви можности за стекнување знаење и вештини, со што ќе се овозможи во иднина тие да бидат носители на развојот на општеството. Преку фондацијата Едуката, обезбедени се нови стипендии за уште десет редовни студенти.

Новите стипендисти ќе бидат студенти запишани првпат на студиската 2023/2024 година на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети во Скопје, Република Северна Македонија.

Десетте стипендии на фондацијата Едуката се однесуваат на следните категории студии:

две стипендии за студентите на студиите на ФЕИТ
две стипендии за студентите на студиите на Економски факултет, и тоа за насоките:
– сметководство и
– ревизија

две стипендии за студентите на студиите од Медицински факултет и
четири стипендии за студентите на Филозофски факултет и тоа:
– две стипендии за насока социјална работа и социјална политика
– две стипендии за насока социјална едукација и рехабилитација

И во овој случај, фондацијата Едуката на студентите кои ќе ги исполнат бараните критериуми на конкурсот за стипендирање, ќе им обезбеди поддршка за целокупниот факултетски развој, сè до нивното завршување. Секој избран студент ќе добие стипендија во нето месечен износ од 18 000 денари за десет месеци во текот на студиската година.

Конкурсот ќе биде отворен до 31.12.2023 година. Сите информации и потребни документи согласно критериумите на конкурсот се достапни на официјалната страна на фондацијата Едуката: educata.mk.

Фондацијата Едуката и сега, како и во претходните конкурси, го става фокусот на надарените лица-ученици и студенти кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, кои имаат амбиција за стекнување вештини и знаење, а немаат финансиски можности.

The post Уште десет студенти со можност да станат стипендисти на „Едуката“ до крајот на годината! appeared first on Дерби.

]]>
Училиштата од Ѓорче Петров се приклучуваат во кампањата против врсничко насилство на „Макпетрол“ https://derbi.mk/uchilishtata-od-gjorche-petrov-se-prikluchuvaat-vo-kampanjata-protiv-vrsnichko-nasilstvo-na-makpetrol/ Mon, 13 Nov 2023 14:50:50 +0000 https://derbi.mk/?p=359292

Шест основни училишта од скопската општина Ѓорче Петров стануваат дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ насочена кон решавање на проблемите поврзани со врсничко насилство меѓу децата и младите. Преку едукативната кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, „Макпетрол“ во овие училишта ќе организира работилници што ги води психотерапевт со практично искуство за оваа тема, на […]

The post Училиштата од Ѓорче Петров се приклучуваат во кампањата против врсничко насилство на „Макпетрол“ appeared first on Дерби.

]]>

Шест основни училишта од скопската општина Ѓорче Петров стануваат дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ насочена кон решавање на проблемите поврзани со врсничко насилство меѓу децата и младите. Преку едукативната кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, „Макпетрол“ во овие училишта ќе организира работилници што ги води психотерапевт со практично искуство за оваа тема, на кои учениците може да се запознаат со проблемот на булинг, односно со начините за превенција на ситуации со врсничко насилство, нивно решавање и надминување на последиците од нив.

Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управниот одбор и директор во „Макпетрол“ и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска потпишаа меморандум за соработка во рамките на оваа кампања.

Едукативни работилници ќе се организираат во основните училишта во населбата Ѓорче Петров, „Димитар Беровски“, „Ѓорче Петров“ и „Мирче Ацев“, како и во училиштата „Јоаким Крчовски“ во Волково, „Страшо Пинџур“ во населбата Даме Груев и „Тихомир Милошевски“ во Ново Село. Покрај разговорите со стручни лица, учениците и нивните родители ќе добијат и печатен едукативен материјал на тема врсничко насилство.

– Проблемот со врсничкото насилство е широко распространет, особено меѓу децата и младите. Тоа е проблем за кој нема брзо и ефикасно решение, но секако мора да се почне од кревање на јавната свест за долгорочните последици што врсничкото насилство ги остава врз психата на децата, но и понатаму кога се возрасни личности. Затоа, акцентот во справувањето со булингот го ставаме на едукацијата која ја спроведуваме преку работилници со обучени лица кои имаат огромно практично искуство со оваа проблематика. Она што особено нѐ радува е големиот интерес за работилниците како од страна на децата, така и на родителите и просветните работници, што е потврда дека комуникациските активности на нашата кампања имаат позитивен ефект врз пошироката јавност – рече Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управниот одбор и директор во „Макпетрол“ по потпишувањето на меморандумот за соработка.

Кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ наидува на огромен интерес во јавноста, особено кај општинските власти и раководствата на основните училишта низ земјава бидејќи училишните служби, наставниците и учениците секојдневно се соочуваат со најразлични ситуации поврзани со булинг.

Покрај општината Ѓорче Петров, дел од оваа кампања се уште четири скопски општини – Центар, Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода. Неодамна ,,Макпетрол” потпиша меморандум за соработка преку кој ќе се реализираат едукативни работилници и во основните училишта во Гевгелија, а во план е тие да се организираат и во уште неколку други општини низ земјава.

Наскоро ќе почнат и работилниците во училиштата во Ѓорче Петров, со што ќе има едукативни работилници за учениците, наставниците и училишните служби во 45 училишта.

The post Училиштата од Ѓорче Петров се приклучуваат во кампањата против врсничко насилство на „Макпетрол“ appeared first on Дерби.

]]>
МТЕЛ ја претставува MOVE TV: Врвна стриминг-платформа со разновидни содржини и практични опции https://derbi.mk/mtel-ja-pretstavuva-move-tv-vrvna-striming-platforma-so-raznovidni-sodrzhini-i-praktichni-opcii/ Thu, 09 Nov 2023 20:16:10 +0000 https://derbi.mk/?p=358729

Групацијата Телеком Србија, преку телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, токму од Македонија го започна лансирањето на својата најнова стриминг-платформа, MOVE TV. Оваа најсовремена OTТ платформа за телевизија, радио и видео on demand, која функционира со помош на MOVE Аndroid Box и како самостојна мобилна апликација, ја претставува постојаната посветеност на МТЕЛ за подобрување на корисничкото искуство преку обезбедување […]

The post МТЕЛ ја претставува MOVE TV: Врвна стриминг-платформа со разновидни содржини и практични опции appeared first on Дерби.

]]>

Групацијата Телеком Србија, преку телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, токму од Македонија го започна лансирањето на својата најнова стриминг-платформа, MOVE TV.

Оваа најсовремена OTТ платформа за телевизија, радио и видео on demand, која функционира со помош на MOVE Аndroid Box и како самостојна мобилна апликација, ја претставува постојаната посветеност на МТЕЛ за подобрување на корисничкото искуство преку обезбедување висококвалитетни содржини и напредни дигитални функции.

На своите корисници, MOVE TV им нуди пристап до широк спектар опции за забава, вклучувајќи: повеќе од 200 телевизиски канали, од омилените регионални канали до меѓународни гиганти како Superstar, Arena Sport, HBO, CNN и Disney Channel. Важно е да се напомене дека листата на домашни, регионални и интернационални канали постојано ќе расте. Пример за тоа е дополнувањето од групата DigitAlb со каналите Top Channel и Klan Alb, со најава за нејзино натамошно проширување со сите преостанати канали од понудата на DigitAlb групата. Со помош на напредните дигитални функции како премотување и паузирање на програмата во живо, MOVE TV гарантира дека корисниците никогаш нема да ги пропуштат своите омилени програми.

„Ни причинува огромно задоволство што можеме да го претставиме MOVE TV, револуционерна стриминг-платформа која го редефинира начинот на кој корисниците ја доживуваат забавата. Со MOVE TV, ние не само што нудиме широка палета на содржини, туку им даваме и моќ на корисниците да ги следат содржините преку иновативни функции и опции за пристапност. Без разлика дали се работи за најновиот блокбастер, спортски настан или омилено радио-шоу, MOVE TV гарантира дека нашите корисници ќе може да уживаат во забавата и содржините што ги сакаат во кое било време, каде и да се“, вели генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ.

MOVE TV вклучува:

TВ во живо: Повеќе од 200 телевизиски канали, од омилените регионални канали до меѓународни гиганти како Superstar, Arena Sport, HBO, CNN и Disney Channel.

Видеотека: Со колекција од повеќе од 10.000 филмови и серии, вклучувајќи ексклузивни наслови од продукцијата на Телеком Србија и други познати светски продукции како HBO; BBC и АXN, MOVE TV обезбедува широк избор на легендарни и актуелни филмови и серии.

Премиум радиостаници: Корисниците можат да се приклучат на најдобрите домашни и регионални радиостаници, како што се Radio S1, Naxi Radio, TDI Radio и многу други, нудејќи разновидна музика и привлечна содржина.

Покрај оваа разновидност од содржини, MOVE TV може да се пофали со напредни функции дизајнирани да го подобрат корисничкото искуство, вклучувајќи:

Пауза и премотување во реално време: Корисниците можат да паузираат и премотуваат ТВ-содржини во реално време, овозможувајќи им да ги следат нивните омилени емисии, серии, филмови или спортски натпревари до 7 дена наназад.

Опција за користење на повеќе уреди: MOVE TV може да се користи на телевизиски уреди (или со MOVE Android Box или паметен ТВ), телефони и таблети. Со MOVE Android Box, секој ТВ уред се трансформира во паметен телевизор, обезбедувајќи беспрекорна интеграција.

Флексибилност на локацијата: Како динамична и практична платформа за стриминг, MOVE TV може лесно да се пренесува и користи на која било локација во Македонија, обезбедувајќи непречена забава за корисниците во движење.

MOVE TV сега е достапен за претплата, со понуда на повеќе пакети за да ги задоволи различните вкусови и потреби на корисниците.

 

Извор: Соопштение за медиуми

The post МТЕЛ ја претставува MOVE TV: Врвна стриминг-платформа со разновидни содржини и практични опции appeared first on Дерби.

]]>
Започна уплатата за екстра-лесно масло за домаќинства EL-1 од „Макпетрол“ https://derbi.mk/zapochna-uplatata-za-ekstra-lesno-maslo-za-domakjinstva-el-1-od-makpetrol/ Tue, 17 Oct 2023 05:53:38 +0000 https://derbi.mk/?p=355420

Стартот на грејната сезона воедно е означен и со почетокот на уплата и испорака на дериватите кои се употребуваат за затоплување на домовите. Компанијата „Макпетрол“ АД Скопје ги извести своите потрошувачи и пошироката јавност дека од 16 октомври, почнува со прием на уплата и испорака на екстра лесно масло за домаќинство EL-1, секој работен ден […]

The post Започна уплатата за екстра-лесно масло за домаќинства EL-1 од „Макпетрол“ appeared first on Дерби.

]]>

Стартот на грејната сезона воедно е означен и со почетокот на уплата и испорака на дериватите кои се употребуваат за затоплување на домовите.

Компанијата „Макпетрол“ АД Скопје ги извести своите потрошувачи и пошироката јавност дека од 16 октомври, почнува со прием на уплата и испорака на екстра лесно масло за домаќинство EL-1, секој работен ден од 08:30 до 15:30 часот.

Продажбата годинава ќе се врши преку складовите на „Макпетрол“ АД.

Детални информации околу уплатата и испораката на екстра лесното масло за домаќинство граѓаните можат да ги добијат на телефонските броеви според местото на нивното живеење, односно испорака.

Извор: Соопштение за медиуми

The post Започна уплатата за екстра-лесно масло за домаќинства EL-1 од „Макпетрол“ appeared first on Дерби.

]]>
САБА прослави 15-годишен јубилеј во Битола https://derbi.mk/saba-proslavi-15-godishen-jubilej-vo-bitola/ Thu, 21 Sep 2023 07:16:01 +0000 https://derbi.mk/?p=351920

Приватното средно училиште САБА од Битола го прослави својот јубилеен 15-ти роденден во некогашниот Офицерски дом, денес Културен и информативен центар, КИЦ во Битола. Овој настан обоен во боите на САБА ги обедини сегашните и некогашните ученици, професори координатори, стручни соработници, задоволни родители и пријатели. Учениците имаа можност да ги споделат своите позитивни искуства од […]

The post САБА прослави 15-годишен јубилеј во Битола appeared first on Дерби.

]]>

Приватното средно училиште САБА од Битола го прослави својот јубилеен 15-ти роденден во некогашниот Офицерски дом, денес Културен и информативен центар, КИЦ во Битола.

Овој настан обоен во боите на САБА ги обедини сегашните и некогашните ученици, професори координатори, стручни соработници, задоволни родители и пријатели.

Учениците имаа можност да ги споделат своите позитивни искуства од средношколските денови и да кажат
каде се и што прават сега.

Еразмус проекти, пракси во успешни локални компании, посета на културни и спортски настани, волонтеризам се секојдневие за учениците од САБА.

Забавата беше заокружена со огномет, одлична музика, закуска и многу насмевки.

The post САБА прослави 15-годишен јубилеј во Битола appeared first on Дерби.

]]>