НБА Archives - Дерби https://derbi.mk/category/kosharka/nba/ Нема спорт без ДЕРБИ Thu, 28 Mar 2024 19:06:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://derbi.mk/wp-content/uploads/2020/02/derbi-logo-fav-80x80.png НБА Archives - Дерби https://derbi.mk/category/kosharka/nba/ 32 32 Ирвинг: Ѓоковиќ е мој брат иако не го познавам добро https://derbi.mk/irving-gjokovikj-e-moj-brat-iako-ne-go-poznavam-dobro/ Thu, 28 Mar 2024 19:06:32 +0000 https://derbi.mk/?p=379184

Членот на Далас Маверикс, Кајри Ирвинг даде интересна изјава поврзана со најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со кого имаа слични ставови во блиското минато. Двајцата за време на ковид кризата одбија да се вакцинираат и за тоа трпеа последици, не можеа да настапат на натпревари, турнир, загубија и спонзори, меѓутоа ова и некако ги зближи, […]

The post Ирвинг: Ѓоковиќ е мој брат иако не го познавам добро appeared first on Дерби.

]]>

Членот на Далас Маверикс, Кајри Ирвинг даде интересна изјава поврзана со најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со кого имаа слични ставови во блиското минато.

Двајцата за време на ковид кризата одбија да се вакцинираат и за тоа трпеа последици, не можеа да настапат на натпревари, турнир, загубија и спонзори, меѓутоа ова и некако ги зближи, поточно ги поврза.

-Не го познавам Ѓоковиќ толку добро, но знам дека тој ми даде поддршка и јас му испратив поддршка од далеку. Се соочувме со слични ситуации каде темата или разговорот била телесна автономија, каде што имате можност да го направите она што сметате дека е најдобро за вас.

-Се чувствувам како да ми е брат на овој свет, мој брат во ваква неволја. Тоа треба да го почитуваш како мислење, треба да почитуваш некој што сам бира, затоа го поддржувам Ѓоковиќ, тој донесе одлука и тие што го поддржуваат се тука, како мене, а тие што не го поддржуваат не се важни, -порачал Кајри за „Мундо Депортиво“.

The post Ирвинг: Ѓоковиќ е мој брат иако не го познавам добро appeared first on Дерби.

]]>
НБА Топ 10: Ривс и Џејмс изведоа моќен цепелин, Џо со монструозно забивање го понижи ветеранот Грин (ВИДЕО) https://derbi.mk/nba-top-10-rivs-i-dzhejms-izvedoa-mokjen-cepelin-dzho-so-monstruozno-zabivanje-go-ponizhi-veteranot-grin-video/ Thu, 28 Mar 2024 16:36:31 +0000 https://derbi.mk/?p=379161

Многу натпревари се одиграа во НБА лигата, поточно активни беа дури 24 екипи што секако донесе многу избор кога се во прашање најубавите потези на денот. Новата топ листа е исклучително квалитетна и атрактивна, листа која заслужено ја предводи Џо од Оклахома кој го изведе едно од најдобрите забивање во актуелнава кампања и тоа преку […]

The post НБА Топ 10: Ривс и Џејмс изведоа моќен цепелин, Џо со монструозно забивање го понижи ветеранот Грин (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>

Многу натпревари се одиграа во НБА лигата, поточно активни беа дури 24 екипи што секако донесе многу избор кога се во прашање најубавите потези на денот.

Новата топ листа е исклучително квалитетна и атрактивна, листа која заслужено ја предводи Џо од Оклахома кој го изведе едно од најдобрите забивање во актуелнава кампања и тоа преку ветеранот Грин.

На пиедесталот имаме уште еден играч на Тандер, Гиди кој даде кош легнат, седнат на теренот, додека вицешампионското место е резервирано за Ривс и Џејмс од Лејкерс.

The post НБА Топ 10: Ривс и Џејмс изведоа моќен цепелин, Џо со монструозно забивање го понижи ветеранот Грин (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>
Играч на Филаделфија не доби фаул во нападот за победа, па режираше луда сцена со судиите (Видео) https://derbi.mk/igrach-na-filadelfija-ne-dobi-faul-vo-napadot-za-pobeda-pa-rezhirashe-luda-scena-so-sudiite-video/ Thu, 28 Mar 2024 15:37:48 +0000 https://derbi.mk/?p=379157

Пресметката меѓу Филаделфија и Лос Анџелес Клиперс донесе голема драма во самата завршница, а во последните секунди имаше и потфрлање кое заврши со последен напад за домаќините. Клиперси имаа водство од 107:108 и успеаја да се одбранат од последниот напад, па на тој начин ја осигураа и тесната победа во една од дерби пресметките на […]

The post Играч на Филаделфија не доби фаул во нападот за победа, па режираше луда сцена со судиите (Видео) appeared first on Дерби.

]]>

Пресметката меѓу Филаделфија и Лос Анџелес Клиперс донесе голема драма во самата завршница, а во последните секунди имаше и потфрлање кое заврши со последен напад за домаќините.

Клиперси имаа водство од 107:108 и успеаја да се одбранат од последниот напад, па на тој начин ја осигураа и тесната победа во една од дерби пресметките на вечерта.

„Сиксерси“ пропуштија голема шанса за триумф и клучната топка ја имаше Кели Убре Јуниор, но наместо да слави, тој на крајот беше бесен на судиите.

Играчот на Филаделфија сметаше дека бил фаулиран и чекаше слободни фрлања од судиите, но наместо тоа, беше означен крај на мечот.

Пред да се упати кон соблекувалната, Убре со врела глава му се обрати на секој судија поединечно и на тројцата им порача дека се „ку.ви“.

The post Играч на Филаделфија не доби фаул во нападот за победа, па режираше луда сцена со судиите (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Јокиќ забележа нов историски подвиг во НБА лигата (Видео) https://derbi.mk/jokikj-zabelezha-nov-istoriski-podvig-vo-nba-ligata-video/ Thu, 28 Mar 2024 10:35:05 +0000 https://derbi.mk/?p=379125

Никола Јокиќ остана пораток за еден скок од нов трипл-дабл во НБА лигата, но натпреварот против Феникс го искористи за да забележи нов историски подвиг во НБА лигата. Српскиот кошаркарски мајстор игра на неверрјатно ниво неколку сезони наназад и двапати ја доби МВП наградата, но од рано утрово е првиот кошаркар во историајта кој во […]

The post Јокиќ забележа нов историски подвиг во НБА лигата (Видео) appeared first on Дерби.

]]>

Никола Јокиќ остана пораток за еден скок од нов трипл-дабл во НБА лигата, но натпреварот против Феникс го искористи за да забележи нов историски подвиг во НБА лигата.

Српскиот кошаркарски мајстор игра на неверрјатно ниво неколку сезони наназад и двапати ја доби МВП наградата, но од рано утрово е првиот кошаркар во историајта кој во период од пет години ја надмина границата од 8 илјади поени, 4 илјади скокови и 3 илјади асистенции.

Претходно ова не му пошло од рака на ниту еден голем играч во историјата, па тоа доволно говори какви нови стандарди постави Јокиќ во најсилната кошаркарска лига во светот.

Во споменатиот период, Јокиќ двапати беше избран за МВП и лани неправедно остана без хет-трик, но затоа беше избран за МВП во финалето кое му припадна на неговиот Денвер.

Што се однесува до мечот кој рано утрово го играше против Феникс, Јокиќ запиша 22 поени, 9 скокови и 10 асистенции.

The post Јокиќ забележа нов историски подвиг во НБА лигата (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Дурент и Феникс го пронајдоа рецептот за победа над НБА шампионот (Видео) https://derbi.mk/durent-i-feniks-go-pronajdoa-receptot-za-pobeda-nad-nba-shampionot-video/ Thu, 28 Mar 2024 08:21:48 +0000 https://derbi.mk/?p=379106

Денер ја пронајде најдобрата форма во завршниот дел од регуларната сезона и се искачи на првото место на Западот, но тоа сега и не е така сигурно после утринскиот пораз. Феникс Санс се покажува како тим кој навистина може да му направи проблеми на НБА шампионот, бидејќи дружината на Кевин Дурент одново пронајде рецепт за […]

The post Дурент и Феникс го пронајдоа рецептот за победа над НБА шампионот (Видео) appeared first on Дерби.

]]>

Денер ја пронајде најдобрата форма во завршниот дел од регуларната сезона и се искачи на првото место на Западот, но тоа сега и не е така сигурно после утринскиот пораз.

Феникс Санс се покажува како тим кој навистина може да му направи проблеми на НБА шампионот, бидејќи дружината на Кевин Дурент одново пронајде рецепт за Денвер и оствари победа благодарение на својот лидер.

Дурантула блескаше како во своите најдобри денови и го водеше својот тим на гостувањето до победа од 97:104, а на крајот го заврши мечот со 30 поени, 13 скокови и 3 асистенции.

Добра помош имаше од Букер и Ален кои комбинираа 30 поени, додека на спротивната страна одново блескаше Никола Јокиќ и беше на чекор од трипл-дабл.

Српскиот кошаркар запиша 22 поени, 9 скокови и 10 асистенции, но тоа не се покажа како доволно за избегнување пораз, втор во низа од „сонцата“.

Останати НБА резултати:

Шарлот – Кливленд 118:111
Орландо – Голден стејт 93:101
Вашингтон – Бруклин 119:122
Атланта – Портланд 120:106
Филаделфија – ЛА Клиперс 107:108
Торонто – Њујорк 101:145
Чикаго – Индијана 125:99
Мемфис – ЛА Лејкерс 124:136
Минесота – Деторит 106:91
Оклахома – Хјустон 126:132
Јута – Сан Антонио 111:118

The post Дурент и Феникс го пронајдоа рецептот за победа над НБА шампионот (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Лука во елемент: Дончиќ му ја продаде најстарата финта на соиграч (ВИДЕО) https://derbi.mk/luka-vo-element-donchikj-mu-ja-prodade-najstarata-finta-na-soigrach-video/ Wed, 27 Mar 2024 20:00:35 +0000 https://derbi.mk/?p=379059

Далас Маверикс игра одлично во изминатиов период, има пет победни во низа и девет на последните десет натпревари во НБА лигата. Овие резултати, изданија дефинитино ја кренаа атмосферата кај клубот од Тексас, па така Лука Дончиќ кој е лидер на екипата се обидува дополнително да се поврзе со соиграчите, им продава финти како што беше […]

The post Лука во елемент: Дончиќ му ја продаде најстарата финта на соиграч (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>

Далас Маверикс игра одлично во изминатиов период, има пет победни во низа и девет на последните десет натпревари во НБА лигата.

Овие резултати, изданија дефинитино ја кренаа атмосферата кај клубот од Тексас, па така Лука Дончиќ кој е лидер на екипата се обидува дополнително да се поврзе со соиграчите, им продава финти како што беше случајот со Дерик Џоунс Џуниор.

Џоунс Џуниор падна на најлесниот тест, а најдобрата реакција во ситуацијата ја имаше првиот човек на Маверикс, Марк Кјубан кој слатко се изнасмеа.

The post Лука во елемент: Дончиќ му ја продаде најстарата финта на соиграч (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>
НБА Топ 5: Дејвис со моќна блокада го спаси Лејкерс од пораз (ВИДЕО) https://derbi.mk/nba-top-5-dejvis-so-mokjna-blokada-go-spasi-lejkers-od-poraz-video/ Wed, 27 Mar 2024 16:31:33 +0000 https://derbi.mk/?p=379014

Четири средби се одиграа во НБА лигата, средби на кои победи остварија Лос Анџелес Лејкерс, Голден Стејт Вориорс, Далас Маверикс и Оклахома Сити Тандер. Највозбудливо беше во Милвоки каде Бакс по две продолженија беа поразени од „езерџиите“ од Лос Анџелес со 128:124. Од таму ни доаѓа и потегот на денот кој е дело на Дејвис […]

The post НБА Топ 5: Дејвис со моќна блокада го спаси Лејкерс од пораз (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>

Четири средби се одиграа во НБА лигата, средби на кои победи остварија Лос Анџелес Лејкерс, Голден Стејт Вориорс, Далас Маверикс и Оклахома Сити Тандер.

Највозбудливо беше во Милвоки каде Бакс по две продолженија беа поразени од „езерџиите“ од Лос Анџелес со 128:124. Од таму ни доаѓа и потегот на денот кој е дело на Дејвис кој имаше брутална блокада над Лилард на крајот на првото полувреве, поточно го остави во игра својот тим кој пак потоа дојде и до победата.

The post НБА Топ 5: Дејвис со моќна блокада го спаси Лејкерс од пораз (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>
Дончиќ издвои два суперхерои во обид да го опише пеколниот тандем на Далас: Тој е Бетмен, а јас Робин (Видео) https://derbi.mk/donchikj-izdvoi-dva-superheroi-vo-obid-da-go-opishe-pekolniot-tandem-na-dalas-toj-e-betmen-a-jas-robin-video/ Wed, 27 Mar 2024 13:30:47 +0000 https://derbi.mk/?p=379000

Далас стигна до петта победа во низа во НБА лигата и воодушеви со изданието на гостувањето кај Сакраменто, а повторно во прв план се најдоа двете најголемите ѕвезди на Маверикс. Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг се се подобар тандем од ден во ден и тоа го покажуваат бројките, па така рано утрово двајцата искомбинираа 52 […]

The post Дончиќ издвои два суперхерои во обид да го опише пеколниот тандем на Далас: Тој е Бетмен, а јас Робин (Видео) appeared first on Дерби.

]]>

Далас стигна до петта победа во низа во НБА лигата и воодушеви со изданието на гостувањето кај Сакраменто, а повторно во прв план се најдоа двете најголемите ѕвезди на Маверикс.

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг се се подобар тандем од ден во ден и тоа го покажуваат бројките, па така рано утрово двајцата искомбинираа 52 поени во победата од 96:132.

Фантастичната форма во која играат двајцата му помогна на Далас да дојде до плејоф местата и да мисли на избегнување на плејинот, нешто што го натера Лука да смисли оригинални прекари за себе и Кајри.

– Кајри е Бетмен, а јас сум Робин……

– Неверојатно е тоа што го имаме во нашиот тим. Тој е одлична личност, имаме извонреден однос и хемијата е навистина многу добра во овој момент, – изјави Дончиќ.

The post Дончиќ издвои два суперхерои во обид да го опише пеколниот тандем на Далас: Тој е Бетмен, а јас Робин (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Дончиќ и Ирвинг доминираа против Сакраменто, Дејвис направи голем подвиг без Леброн (Видео) https://derbi.mk/donchikj-i-irving-dominiraa-protiv-sakramento-dejvis-napravi-golem-podvig-bez-lebron-video/ Wed, 27 Mar 2024 07:52:32 +0000 https://derbi.mk/?p=378944

Далас игра се подобро во завршницата од регуларниот дел од сезоната и има само еден пораз на последните десет меча во НБА лигата, а петтата победа во низа пристигна ова утро. Маверикси ги разнесоа Кингси на гостински терен со 96:132 и издоминираа во секој можен поглед, па бруталната победа над Сакраменто дефинитивно ги зголемува апетитите […]

The post Дончиќ и Ирвинг доминираа против Сакраменто, Дејвис направи голем подвиг без Леброн (Видео) appeared first on Дерби.

]]>

Далас игра се подобро во завршницата од регуларниот дел од сезоната и има само еден пораз на последните десет меча во НБА лигата, а петтата победа во низа пристигна ова утро.

Маверикси ги разнесоа Кингси на гостински терен со 96:132 и издоминираа во секој можен поглед, па бруталната победа над Сакраменто дефинитивно ги зголемува апетитите кога е во прашање плејофот.

Со најновата победа, Далас е на 6-то место на Западот и во таква ситуација би го избегнал плејинот, а најзаслужни за страшната форма се Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг кои почнаа извонредно да се согласуваат во последно време.

Ударниот двоец беше лидер во високата победа, но рано утрово им се придружи и Хардавеј кој го заврши мечот со 22 поени. Дончиќ беше најдобар поединец со 28 поени, 11 скокови и 6 асистенции, а Кајри запиша 24 поени, 3 скокови и 8 асистенции.

Од останатите натпревари, за издвојување е подвигот кој го направи Лос Анџелес Лејкерс, бидејќи „езерџиите“ го победија Милвоки без Леброн Џејмс со резултат 124:128.

Гостите се вратија од негатива од 19 поени во последната четвртина, а потоа после две продолженија беа подобри и славеа во меч во кој вистински лидер беше Ентони Дејвис со 34 поени, 23 скока и 2 асистенции

The post Дончиќ и Ирвинг доминираа против Сакраменто, Дејвис направи голем подвиг без Леброн (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Елеганција во движење: Јокиќ му одржа лекција на синот на Пипен (Видео) https://derbi.mk/elegancija-vo-dvizhenje-jokikj-mu-odrzha-lekcija-na-sinot-na-pipen-video/ Tue, 26 Mar 2024 13:31:21 +0000 https://derbi.mk/?p=378826

Никола Јокиќ одигра три четвртини против Мемфис и тоа беше доволно за да биде убедливо најдобар кошаркар во сите три најважни категории, учинот кој го натера тренерот Мајк Мелоун да го одмори Србинот. Јокиќ не играше во последниот период и остана на дофат на нов трипл-дабл, но тој не беше премногу загрижен за тоа и […]

The post Елеганција во движење: Јокиќ му одржа лекција на синот на Пипен (Видео) appeared first on Дерби.

]]>

Никола Јокиќ одигра три четвртини против Мемфис и тоа беше доволно за да биде убедливо најдобар кошаркар во сите три најважни категории, учинот кој го натера тренерот Мајк Мелоун да го одмори Србинот.

Јокиќ не играше во последниот период и остана на дофат на нов трипл-дабл, но тој не беше премногу загрижен за тоа и како по обичај мирно и тивко го прослави триумфот.

За 30 минути на паркетот, Јокиќ запиша 29 поени, 11 скокови и 8 асистенции, но понуди и дел од својот најдобар кошаркарски репертоар исполнет со асистенции, скокови и необични потези.

Србинот запиша и едно забивање на натпреварот против Мемфис кој Денвер го доби со 128:103, меѓутоа во фокусот се најде поради маалскиот потег кој му го продаде на синот на Скоти Пипен.

Скоти Јуниор тргна да игра одбрана на Јокиќ, но овој го измами со лажно додавање и ја продолжи контрата на Денвер како најдобар плејмејкер.

The post Елеганција во движење: Јокиќ му одржа лекција на синот на Пипен (Видео) appeared first on Дерби.

]]>