Формула 1 Archives - Дерби https://derbi.mk/category/avto-moto/formula-1/ Нема спорт без ДЕРБИ Thu, 28 Mar 2024 13:17:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://derbi.mk/wp-content/uploads/2020/02/derbi-logo-fav-80x80.png Формула 1 Archives - Дерби https://derbi.mk/category/avto-moto/formula-1/ 32 32 Волф откри како течел неочекуваниот разговор со Хамилтон: Нема да му прилега црвената боја https://derbi.mk/volf-otkri-kako-techel-neochekuvaniot-razgovor-so-hamilton-nema-da-mu-prilega-crvenata-boja/ Thu, 28 Mar 2024 14:59:37 +0000 https://derbi.mk/?p=379154

Тото Волф изгради посебна врска со Луис Хамилтон низ годините и победничкиот тандем донесе многу успеси за Мерцедес, но оваа сезона ќе биде последна за седумкратниот светски шампион како лидер на тимот во кој клучен човек е токму Австриецот. Тимскиот шеф на Мерцедес се наоѓа пред необичен предизвик и ќе мора да избере кандидат кој […]

The post Волф откри како течел неочекуваниот разговор со Хамилтон: Нема да му прилега црвената боја appeared first on Дерби.

]]>

Тото Волф изгради посебна врска со Луис Хамилтон низ годините и победничкиот тандем донесе многу успеси за Мерцедес, но оваа сезона ќе биде последна за седумкратниот светски шампион како лидер на тимот во кој клучен човек е токму Австриецот.

Тимскиот шеф на Мерцедес се наоѓа пред необичен предизвик и ќе мора да избере кандидат кој ќе го замени Хамилтон, кој од наредната сезона ќе ги промени боите и ќе го гледаме во црвениот болид на Ферари.

Британецот веќе објасни дека му било животен сон да го претставува тимот од Маранело, а Волф сега за првпат се огласи како течел нивниот разговор, при кој Хамилтон му ја соопштил тешката одлука.

– Ми беше тешко да прифатам на почеток. Хамилтон замина на одмор, а кога се врати, испадна дека си заминува за секогаш од Мерцедес. Кога се врати, ми порача „ајде да одиме на кафе“.

– Тоа ни беше како ритуал пред старт на секоја сезона, но веднаш на средбата ми порача „Одам во Ферари“. Го прашав дали е сериозен и зошто избира ваков необичен тајминг. Ми порача дека сака да го реши тоа на почеток на сезоната за да нема психолошки товар до крајот на соработката.

– Искрено, не можам да го замислам во црвено, сметам дека нема добро да му прилега. Без разлика на се, нашиот однос останува цврст и силен, годините кои ги минавме заедно беа фатастични, – вели Тото Волф.

The post Волф откри како течел неочекуваниот разговор со Хамилтон: Нема да му прилега црвената боја appeared first on Дерби.

]]>
Норис на оригинален начин ја одбележа херојската победа на Саинц (Фото) https://derbi.mk/noris-na-originalen-nachin-ja-odbelezha-herojskata-pobeda-na-sainc-foto/ Sun, 24 Mar 2024 20:12:53 +0000 https://derbi.mk/?p=378608

Карлос Саинц ја пропушти трката за Големата награда на Саудиска Арабија која се возеше пред две недели, а ова утро во Австралија имаше херојско издание и стигна до своја трета победа во Формула 1. Шпанецот беше неизвесен за трката во Мелбурн и вложи натчовечки напор за да влезе во болидот овој викенд, но не самошто […]

The post Норис на оригинален начин ја одбележа херојската победа на Саинц (Фото) appeared first on Дерби.

]]>

Карлос Саинц ја пропушти трката за Големата награда на Саудиска Арабија која се возеше пред две недели, а ова утро во Австралија имаше херојско издание и стигна до своја трета победа во Формула 1.

Шпанецот беше неизвесен за трката во Мелбурн и вложи натчовечки напор за да влезе во болидот овој викенд, но не самошто го направи тоа, туку на крајот оставри и сензационален триумф.

Голем дел од возачите во Формула 1 му честитаа на Шпанецот за вложениот напор и освоеното прво место во Австралија, меѓутоа најискрените честитки ги доби од својот поранешен колега од Мекларен, Ландо Норис.

Ландо има дури 14 подиуми во Формула 1, но и натаму нема остварно победа во „најбрзиот циркус“, но затоа имаше оригинална порака за својот поранешен колега од Мекларен.

– Мора да го извадам моето слепо црево. Ти го извади и победи на трката…… Честитки Карлитос, – порача Ландо Норис, а Саинц при интервјуто откри каков совет му дал на Британецот.

– Му кажав на Ландо да си го извади слепото црево, тоа навистина помага. Затоа направивме фотографија со лузната од операциајта, – откри Саинц.

The post Норис на оригинален начин ја одбележа херојската победа на Саинц (Фото) appeared first on Дерби.

]]>
Алонсо доби казна и загуби позиции во пласманот на Ф1 трката во Австралија https://derbi.mk/alonso-dobi-kazna-i-zagubi-pozicii-vo-plasmanot-na-f1-trkata-vo-avstralija/ Sun, 24 Mar 2024 10:28:33 +0000 https://derbi.mk/?p=378538

Фернандо Алонсо доби казна од стјуардите поради опасно возење во финишот на Формула 1 трката за Големата награда на Австралија и поради тоа ќе има послаб пласман од овој трет натпревар во новата сезона. Шпанецот е казнет со 20 секунди, поради што наместо шестото, официјално го освои осмото место во Австралија, а причина е неговиот […]

The post Алонсо доби казна и загуби позиции во пласманот на Ф1 трката во Австралија appeared first on Дерби.

]]>

Фернандо Алонсо доби казна од стјуардите поради опасно возење во финишот на Формула 1 трката за Големата награда на Австралија и поради тоа ќе има послаб пласман од овој трет натпревар во новата сезона.

Шпанецот е казнет со 20 секунди, поради што наместо шестото, официјално го освои осмото место во Австралија, а причина е неговиот потег во дуелот со Џорџ Расел, по кој возачот на Мерцедес имаше инцидент и за среќа мина без посериозни последици.

Алонсо им признал на стјуардите дека притиснал претерано на сопирачките во свијокот број шест, а потоа нагло забрзал, со што предизвикал опасна ситуација од која подебелиот крај го извлече Британецот.

Возачот на Астон Мартин добил и три казнени поени.

Со оваа казна, шестото и седмото место сега им припаѓаат на Ленс Строл и Јуки Цунода, а зад Алонсо остануваат Хулкенберг и Магнусен од Хас.

The post Алонсо доби казна и загуби позиции во пласманот на Ф1 трката во Австралија appeared first on Дерби.

]]>
Застрашувачки момент: Расел застана среде патека и очајно бараше црвено знаме (Видео) https://derbi.mk/zastrashuvachki-moment-rasel-zastana-srede-pateka-i-ochajno-barashe-crveno-zname-video/ Sun, 24 Mar 2024 10:15:23 +0000 https://derbi.mk/?p=378522

Џорџ Расел се обидуваше да дојде до подобра позиција во самата завршница на Формула 1 трката во Австралија, но на крајот излета од патеката, удри во заштитната ограда и се најде среде патека. Незгодната позиционираност среде патека предизвика и паника кај возачот на Мерцедес, со оглед на фактот што одговорните за трката се уште не […]

The post Застрашувачки момент: Расел застана среде патека и очајно бараше црвено знаме (Видео) appeared first on Дерби.

]]>

Џорџ Расел се обидуваше да дојде до подобра позиција во самата завршница на Формула 1 трката во Австралија, но на крајот излета од патеката, удри во заштитната ограда и се најде среде патека.

Незгодната позиционираност среде патека предизвика и паника кај возачот на Мерцедес, со оглед на фактот што одговорните за трката се уште не активираа црвени знамиња кои навестуваат сериозна опасност на патеката и значат прекинување на трката.

Наместо црвени знамиња беше активирано виртуелно безбедносно возило под кое заврши трката, а за среќа во меѓувреме не се случи нешто непосакувано, па и Расел мина без посериозни последици од излетувањето.

Мерцедес остана без поени во Австралија, бидејќи Луис Хамилтон не ја заврши трката поради проблеми со моторот.

The post Застрашувачки момент: Расел застана среде патека и очајно бараше црвено знаме (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Саинц го предводеше Ферари до еден-два победа, последните два шампиони не ја завршија трката https://derbi.mk/sainc-go-predvodeshe-ferari-do-eden-dva-pobeda-poslednite-dva-svetski-shampioni-ne-ja-zavrshija-trkata/ Sun, 24 Mar 2024 07:59:58 +0000 https://derbi.mk/?p=378509

Карлос Саинц победи на Формула 1 трката за ГН на Австралија, предводејќи го Ферари до еден-два победа и прекинувајќи ја доминацијата на Макс Ферстапен, кој пак мораше рано да ја заврши трката поради проблеми со сопирачките на болидот на Ред Бул. Актуелниот шампион стартуваше од пол-позицијата, но неговите проблеми беа искористени од Саинц кој го […]

The post Саинц го предводеше Ферари до еден-два победа, последните два шампиони не ја завршија трката appeared first on Дерби.

]]>

Карлос Саинц победи на Формула 1 трката за ГН на Австралија, предводејќи го Ферари до еден-два победа и прекинувајќи ја доминацијата на Макс Ферстапен, кој пак мораше рано да ја заврши трката поради проблеми со сопирачките на болидот на Ред Бул.

Актуелниот шампион стартуваше од пол-позицијата, но неговите проблеми беа искористени од Саинц кој го презема водството, за неколку круга подоцна Ферстапен да мора да ја заврши трката и да остане без можност да се бори за трета победа во третата трка во новата сезона.

Саинц до крајот без проблеми го задржа водството, додека неговиот тимски колега Шарл Леклер успеа да обезбеди подобар пласман од Ландо Норис и на тој начин Ферари дојде до максимален ефект на оваа трка. Норис и Оскар Пјастри ги израдуваа фановите на Мекларен со солидните трето и четврто место на денешниот натпревар.

Проблеми со болидот имаше и Луис Хамилтон чиј мотор откажа и го остави без пласман, додека катастрофалниот викенд за Мерцедес го надополни Џорџ Расел кој излета од патеката и исто така не ја заврши трката.

Возачи кои освоија поени од петтото до десеттото место се Перез, Алонсо, Строл, Цунода, Хулкенберг и Магнусен.

The post Саинц го предводеше Ферари до еден-два победа, последните два шампиони не ја завршија трката appeared first on Дерби.

]]>
Стјуардите го казнија Перез, Леклер ќе стартува од вториот ред во Австралија https://derbi.mk/stjuardite-go-kaznija-perez-lekler-kje-startuva-od-vtoriot-red-vo-avstralija/ Sat, 23 Mar 2024 10:40:53 +0000 https://derbi.mk/?p=378375

Серхио Перез обезбеди солидна трета позиција во квалификациите за Формула 1 трката во Австралија, но сепак ќе мора да стартува од третиот ред. Неколку часа по крајот на квалификациите, стјуардите решиле да му одредат казна на Мексиканецот и да го вратат три позиции наназад, што значи дека од вториот ред ќе стартуваат Ландо Норис и […]

The post Стјуардите го казнија Перез, Леклер ќе стартува од вториот ред во Австралија appeared first on Дерби.

]]>

Серхио Перез обезбеди солидна трета позиција во квалификациите за Формула 1 трката во Австралија, но сепак ќе мора да стартува од третиот ред.

Неколку часа по крајот на квалификациите, стјуардите решиле да му одредат казна на Мексиканецот и да го вратат три позиции наназад, што значи дека од вториот ред ќе стартуваат Ландо Норис и Шарл Леклер, а една позиција нанапред оди и Оскар Пјастри.

Причина за казната е фактот што Перез го блокирал Нико Хулкенберг на патеката за време на квалификациите, а Мексиканецот не бил поштеден од санкцијата и покрај тоа што лично разговарал со стјуардите за овој инцидент.

Во објаснувањето за казната, стјуардите потенцираат дека Перез предоцна бил информиран од својот тим за наближувањето на болидот на Хулкенберг, кој возел брз круг, но морал да ја намали брзината и да го заобиколи невнимателниот возач на Ред Бул.

Пол-позицијата ја обезбеди Макс Ферстапен, додека веднаш зад него ќе биде Карлос Саинц од Ферари.

The post Стјуардите го казнија Перез, Леклер ќе стартува од вториот ред во Австралија appeared first on Дерби.

]]>
Саинц се врати и го предизвика Ферстапен, шампионот сепак ќе стартува прв и во Австралија https://derbi.mk/sainc-se-vrati-i-go-predizvika-ferstapen-shampionot-sepak-kje-startuva-prv-i-vo-avstralija/ Sat, 23 Mar 2024 07:59:19 +0000 https://derbi.mk/?p=378359

Карлос Саинц ја пропушти претходната трка во Формула 1 шампионатот, но враќањето го одбележи со одлични квалификации во Австралија, каде за малку испушти пол-позиција. Пилотот на Ферари беше најбрз во првата и втората квалификациска сесија, но во решавачката не успеа да извози побрз круг од актуелниот шампион Макс Ферстапен. Болидот на Ред Бул беше побрз […]

The post Саинц се врати и го предизвика Ферстапен, шампионот сепак ќе стартува прв и во Австралија appeared first on Дерби.

]]>

Карлос Саинц ја пропушти претходната трка во Формула 1 шампионатот, но враќањето го одбележи со одлични квалификации во Австралија, каде за малку испушти пол-позиција.

Пилотот на Ферари беше најбрз во првата и втората квалификациска сесија, но во решавачката не успеа да извози побрз круг од актуелниот шампион Макс Ферстапен.

Болидот на Ред Бул беше побрз за 0,27 секунди, со што Ферстапен стигна до нова пол-позиција, а од вториот ред ќе стартуваат Серхио Перез и Ландо Норис.

Шарл Леклер мора да се задоволи само со петтата позиција, додека зад него е Оскар Пјастри од Мекларен.

Луис Хамилтон не влегол ни во најдобрите десет и ќе стартува како единаесетти, додека Џорџ Расел ќе почне од седмата позиција.

Првата десетка ја заокружуваат Цунода, Строл и Алонсо.

The post Саинц се врати и го предизвика Ферстапен, шампионот сепак ќе стартува прв и во Австралија appeared first on Дерби.

]]>
Фелипе Маса поднесе тужба, бара фантастична отштета! https://derbi.mk/felipe-masa-podnese-tuzhba-bara-fantastichna-otshteta/ Tue, 12 Mar 2024 10:16:37 +0000 https://derbi.mk/?p=376761

Правните застапници на Фелипе Маса потврдија дека во понеделник на 11 март 2024 година, направиле поднесок до Високиот суд за предметот во кој тој верува дека бил оштетен во 2008 година. Случајот се заснова на минатогодишната изјава на поранешниот промотер Берни Еклстоун дека ФИА поседувала докази со кои би требало трката во Сингапур истата година […]

The post Фелипе Маса поднесе тужба, бара фантастична отштета! appeared first on Дерби.

]]>

Правните застапници на Фелипе Маса потврдија дека во понеделник на 11 март 2024 година, направиле поднесок до Високиот суд за предметот во кој тој верува дека бил оштетен во 2008 година.

Случајот се заснова на минатогодишната изјава на поранешниот промотер Берни Еклстоун дека ФИА поседувала докази со кои би требало трката во Сингапур истата година да биде прогласена за неважечка, но не преземала никаква акција.

Аферата околу случувањата во Сингапур и станаа познати на јавноста откако Нелсињо Пике беше отпуштен од тимот Рено, па откри дека од него на таа трка било побарано намерно да се удри во ѕидот и да предизвика оштетување на болидот, како и излегување на возилото за безбедност. Таквата тактика му го донесе првото место на тимот кој еден круг претходно го повикал другиот возач во боксот и му монтирал пневматици, по што тој избил во водство додека другите заминале во гаражата.

Сезоната во 2008 година заврши со изедначена борба меѓу Фелипе Маса и Луис Хамилтон, при што на последната трка возена на патеката Интерлагос, Бразилецот мина прв низ целта како светски шампион, а триесетина секунди подоцна доаѓајќи кон целта британскиот возач го престигна Тимо Глок и благодарение на тоа успеа да освои бод повеќе од ривалот.

Ако се анулира трката од Сингапур, каде што Хамилтон бил второпласиран, Маса ќе биде светски првак за 2008 година.

– Бараме декларација дека ФИА ги прекршила своите правила и не го истражила случајот со излетувањето на Пике во Сингапур. На тој начин Фелипе Маса ќе беше светски првак, па затоа бара финансиска оштета поради грешката на ФИА, во која учество имаат и ФОМ (Formula One Management) и Берни Еклстоун. Обидот да се најде прифатливо решение за двете страни беше неуспешен и не остави друг избор освен започнување на правна постапка,- се вели во соопштението на Виеира Резенде Адвогадос, бразилската фирма што го застапува Маса.

Според британските медиуми, сумата што Маса ја бара како компензација за претрпената штета изнесува меѓу 60 и 150 милиони фунти.

Берни Еклстоун, кој на 28 октомври треба да наполни 84 години, го препушти бизнисот со ТВ правата од Формула 1 на новите сопственици од Либерти Медија во 2017 година, по повеќе од 35 години на чело од промотерската компанија. Сепак, неговото ланско интервју предизвика хаос, а тој потоа беше цитиран во медиумите дека не се сеќава дека тал таква изјава.

The post Фелипе Маса поднесе тужба, бара фантастична отштета! appeared first on Дерби.

]]>
Ред Бул и Ферстапен немаа конкуренција и на трката во Саудиска Арабија https://derbi.mk/red-bul-i-ferstapen-nemaa-konkurencija-i-na-trkata-vo-saudiska-arabija/ Sat, 09 Mar 2024 18:48:12 +0000 https://derbi.mk/?p=376348

Првите две трки во новата натпреварувачка сезона најверојатно се јасен доказ за тоа како ќе се одвиваат работите во Формула 1 во наредните неколку месеци, бидејќи доминацијата која ја презентираат Ред Бул и Макс Ферстапен изгледа како онаа на Мерцедес која траеше со години. Сценариото беше идентично како пред една седмица во Бахреин и Макс […]

The post Ред Бул и Ферстапен немаа конкуренција и на трката во Саудиска Арабија appeared first on Дерби.

]]>

Првите две трки во новата натпреварувачка сезона најверојатно се јасен доказ за тоа како ќе се одвиваат работите во Формула 1 во наредните неколку месеци, бидејќи доминацијата која ја презентираат Ред Бул и Макс Ферстапен изгледа како онаа на Мерцедес која траеше со години.

Сценариото беше идентично како пред една седмица во Бахреин и Макс имаше лесна трка од почетокот до самиот крај, а и овојпат, втор на пиедесталот беше вториот возач на Ред Бул.

Патеката во Џеда не донесе големи возбудувања во битката за врвот и првите две места беа осигурани уште на половина трка, па се чини дека најмногу што можеше да направи Шарл Леклер е само да го потврди третото место.

Возачот на Ферари заврши трет на Големата награда на Саудиска Арабија, но интересно, наградата „возач на денот“ му припадна на неговиот тимски колега, односно новајлијата во Формула 1.

Младиот Берман го замени Карлос Саинц кој мораше да прави операција на слепо црево, а напредокот од 11-та до 7-та позиција беше изгласан како хајлајт на денот од Ф1 фановите.

Измеѓу него и Леклер се најдоа Пјастри, Алонсо и Расел, додека во првите десет денеска пласман изборија и Норис, Хамилтон и Хулкенберг.

 

The post Ред Бул и Ферстапен немаа конкуренција и на трката во Саудиска Арабија appeared first on Дерби.

]]>
Ферстапен индиректно му се закани на Ред Бул: Ако тој замине… https://derbi.mk/ferstapen-indirektno-mu-se-zakani-na-red-bul-ako-toj-zamine/ Sat, 09 Mar 2024 09:16:09 +0000 https://derbi.mk/?p=376251 Ред Бул планира да го суспендира долгогодишниот тимски советник Хелмут Марко, но тој доби неочекувано цврста поддршка од Макс Ферстапен. Раководството на актуелниот Формула 1 шампион планира да го суспендира 80-годишниот Австриец поради контроверзната истрага по која тимскиот шеф Кристијан Хорнер беше ослободен од обвинувањето за непристојно однесување кон колешка од Ред Бул, а откако […]

The post Ферстапен индиректно му се закани на Ред Бул: Ако тој замине… appeared first on Дерби.

]]>
Ред Бул планира да го суспендира долгогодишниот тимски советник Хелмут Марко, но тој доби неочекувано цврста поддршка од Макс Ферстапен.

Раководството на актуелниот Формула 1 шампион планира да го суспендира 80-годишниот Австриец поради контроверзната истрага по која тимскиот шеф Кристијан Хорнер беше ослободен од обвинувањето за непристојно однесување кон колешка од Ред Бул, а откако оваа вест беше пренесена од медиумите реагираше и човекот кој доминира во болидот.

– Многу е важно да остане во тимот.

– Ако толку важен столб отпадне, тоа нема да биде добро за мојата ситуација. Така што, според мене, Хелмут мора да остане во Ред Бул, – изјавил Ферстапен.

Официјално, Ф1 тимот на Ред Бул не ги коментирал шпекулациите, но одговорните за односи со медиуми истакнале дека Марко е ангажиран од самата компанија, а не од Ф1 тимот, па според тоа истиот нема никакви ингеренции за менување на статусот на искусниот советник.

Улогата на Хелмут Марко во создавањето на актуелниот Ред Бул е голема, тој е задолжен за скаутирање на младите возачи, а е главен виновник и за ангажирањето на Ферстапен. Сепак, неговата позиција веќе не е толку сигурна по смртта на основачот на Ред Бул, Дитрих Матешиц, кој и го постави во тимот како најдоверлив соработник.

The post Ферстапен индиректно му се закани на Ред Бул: Ако тој замине… appeared first on Дерби.

]]>