Свет
Цана: Не знам како УЕФА дозволува да играме против Србија
Ждрепката за квалификациите за Светското првенство се одржа на крајот на минатата недела, а судбината посака во иста група да се најдат две омразени репрезентации, оние на Србија и Албанија.
Последната нивна пресметка на европско ниво донесе голем скандал и политичка провокација на натпреварот кој се одигра во Белград, па поради тоа, најавените два натпревари во групната фаза уште отсега се окарактеризирани како мечеви од висок ризик и јасно е дека ќе има големо нетрпение меѓу двете страни.
Лорик Цана беше дел од натпреварот кој се одигра пред десет години, а сега како важен член од фудбалскиот сојуз на Албанија, вели дека УЕФА прави огромна грешка што дозволува вкрстување на две селекции и две земји кои имаат познати политички конфликти од минатото.
– Верувам дека ниту едната, ниту другата репрезентација не сакаат повторување на сцените од пред десет години. ФИФА и УЕФА имаат правила да се забрануваат натпревари на земји кои се во директен конфликт и кои имаат одредени политички разлики.
– Иако нашите две земји во моментов не се во директен конфликт, јас сметам дека не е логично да играм против Србија во иста група за Светското првенство. Односите кои ги имаме со Србите како народ и некои деликатни процеси ја прават целата увертира многу тешка. Ова го велам поради конфликтот за Косово за кој се уште нема вистинско решение, – потенцира Цана како актуелен претставник на фудбалскиот сојуз, но и поранешен капитен на репрезентацијата на Албанија.
-
Италија21 час
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства18 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија16 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија21 час
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија20 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Англија17 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Македонија19 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија11 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)