Бутрагењо: Сити инвестираше многу пари, но ние сме Реал Мадрид

Butragueno

Денеска ги добивме осминафиналните парови во Лигата на шампионите, а една од најинтересните извлечени двојки секако е онаа меѓу актуелниот англиски првак Манчестер Сити и најтрофејниот клуб во ова натпреварување Реал Мадрид.

Ова дефинитивно е двомеч во кој нема фаворит, дуел на две екипи со многу квалитет, знаење, на два одлични стратези Пеп Гвардиола и Зинедин Зидан, па дефинитивно се очекува да биде супер возбудливо како на „Сантијаго Бернабеу“ така и на „Итихад“.

-Сите противници се тешки во оваа фаза. Ќе биде возбудливо и ќе мора добро да се подготвиме. Ќе се бара најдоброто од нас.Тие вложија многу пари, но ние сме Реал Мадрид и сме во позиција со секого да се носиме. Навикнати сме на вакви натпревари и ќе биде одлично за навивачите, -истакна легендарниот ас на „кралевите“, Емилио Бутрагењо.

Директорот на Сити, Чики Бегиристајн исто смета дека „граѓаните“ се подготвени да се соочат со најдобрите, а токму Реал е таква класа.

-Секако дека ќе биде тешко. Реал Мадрид има 13 титули, па тие се најдобри. Сакаме да бидеме најдобри, па сакаме да ги победиме. Секогаш е задоволство да се оди во Мадрид и да се игра на голем стадион како „Сантијаго Бернабеу“. Знаеме што не очекува, ама и тие го познаваат нашиот тим и нашиот тренер.  Мислам дека мора да бидеме поврзани во сите натпреварувања и така ќе имаме шанса да освоиме некои. Во лигата, Ливерпул има многу бодови предност, но мора да бидеме поврзани, -рече директорот на клубот од Манчестер.

Facebook Коментари