Поврзете се со нас

Европски купови

Бутел уште еднаш надигран од Алпла Хард

Објавено

на

Ракометарите на Бутел доживеаа уште еден пораз во пресметката со Алпла Хард во квалификациите за пласман во групната фаза на Лига Европа.

Минатата седмица австрискиот прволигаш славеше со 26-21, додека пак вечерва во Скопје беа подобриот од нашиот претставник со 25-21. Пресудно беше првото полувреме во кое Бутел одигра катастрофално во нападот и даде само пет голови со што му овозможи на противникот да замине на пауза со седум погодоци разлика (12-5).

Тука стана јасно дека Бутел многу тешко ќе се избори за поволен резултат, па во второто полувреме беше само намалена негативата, односно се дојде до попристоен пораз против тимот кој да потсетиме во претходната фаза го елиминираше Еурофарм Пелистер 2.

Мајиќ со 6 гола беше прв стрелец кај македонскиот суперлигаш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни