Поврзете се со нас

Македонија

Бутел се договори со младински репрезентативец на Египет

Објавено

на

foto: FB/RK Butel Skopje

Македонскиот ракометен прволигаш Бутел продолжи со своите активности на пазарот каде обезбеди уште едно засилување за сезоната 2024/2025.

Скопскиот тим се договори со младинскиот репрезентативец на Египет, Хусеин Валид Кадах. Кадах е играч кој има 20 години, ја покрива левата бековска позиција, а ако е потребно може да игра и како среден бек.

Пред него Бутел ги ангажираше Драган Шољиќ, бековите Теодор Тодески и Мартин Петровски и браќата Димитар и Тодор Узунчеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни