Поврзете се со нас

Македонија

Бутел потпиша договори со пет талентирани играчи

Објавено

на

Екипата на Бутел во изминатиов период ја продолжи соработката со седум играчи од стандардните првотимци што настапуваа во минатата сезона, но во исто време македонскиот прволигаш покажа дека размислува и за иднината, па така од клубот објавија дека се потпишани договори со пет кадетски репрезентативци на Македонија.

Се работи за ракометари кои лани беа дел од прволигашки клубови-тоа се десното крило Бојан Спасовски, голманот Дино Трајчевски, кружниот напаѓач Стефан Стојчевиќ, потоа средниот бек Марко Митев  и левиот бек Едвин Омерагиќ.

Секој од нив во Бутел доаѓа со желба за да напредува, развива, учи од поискусните и секако да му помогне на тимот во остварување на што подобри резултати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни