Поврзете се со нас

Македонија

Бутел по вторпат го совлада Голден Арт

Објавено

на

foto: FB/RK Butel Skopje

Ракометарите на Бутел издвојуваа победа над Голден Арт со 28:24 во средбата од 11. коло во Супер лигата.

Тимот предводен од Горан Кузманоски знаеше што сакаше на овој меч, ја градеше предноста и заслужено дојде до седмиот триумф во Б групата, втор сезонски над денешниот ривал.

Првиот дел Бутел го доби со 12:10, а вториот со 16:14.

Најпрецизни беа Николов со девет и Спасовски со шест погодоци. Кај Голден Арт се истакнаа Милошески со седум и Шилегов со шест реализации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни