Поврзете се со нас

Македонија

Бутел ги освежи своите редови со двајца млади талентирани ракометари

Објавено

на

Филип Фидановски и Иван Андревски се најновите засилувања за македонскиот ракометен прволигаш Бутел Скопје.

Се работи за двајца млади и талентирани ракометари кои во новата средина доаѓаат од Металург РА. Фидановски беше еден од најдобрите стрелци во прволигашката конкуренција минатата сезона и во Бутел ќе формира дуо со Мирко Мајиќ.

Кога е во прашање Иван, тоа е играч кој исто има 18 години и ја покрива левата бековска позиција. Двајцата тинејџери потпишаа двегодишни договори со Бутел, тим кој претходно ги доведе Градимир Чаневски, Саша Пулјизовиќ, Денис Тот и Кристијан Давитковски.

Од староседелниците пак нови договори потпишаа Јовица Младеновски, Мирко Мајиќ, Томче Стојановски, Бојан Блажески, Кристијан Василевски, Димитар Ѓоргиевски и Владимир Јевтиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни