Поврзете се со нас

Лига на нации

Бускетс за спорниот гол на Франција: Судијата ни објасни зошто немало офсајд

Објавено

на

Контроверзната ситуација која го реши победникот на Лигата на нации предизвика големи дебати меѓу фудбалските фанови, од кои најголем број беа убедени дека голот на Килијан Мбапе е постигнат од офсајд.

Франција победи со 2:1, а вториот гол на избраниците на Дидие Дешамп дојде по акцијата во која Мбапе беше зад одбраната на Шпанија, но изненадувачки, судиите од ВАР собата го потврдија погодокот.

Шпанскиот капитен Серхио Бускетс по завршувањето на средбата за медиумите истакнал дека главниот судија Ентони Тејлор се обидел да им ја објасни ситуацијата.

– Судијата ни кажа дека Ерик Гарсија се обидел да ја исфрли топката и со тоа го поништил офсајдот.

– Но, тој сакаше да игра со топката бидејќи таа ќе завршеше кај Мбапе кој беше во офсајд. Нема никаква логика, –  изјавил Бускетс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни