Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бускетс за „оружјето“ на Интер кое може да биде проблем за Сити: Се може да се случи, кога играте…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

На 10 јуни ќе се спушти завесата во Лигата на шампионите и тоа во Истанбул каде силите ќе ги одмерат Манчестер Сити и Интер.

Ова се двете екипи кои успеаа да дојдат до завршниот чекор, односно веќе имаат една рака на трофејот со тоа што за да го грабнат истиот ќе мора да зададат завршен удар, да слават во дуелот во Турција.

Ако се погледнат обложувалниците тогаш Сити важи за огромен фаворит за титулата, меѓутоа финале е финале и тоа многу добро го знае капитенот на Барселона, Серхио Бускетс кој посочи како „нероаѕурите“ можат да му направат проблем на премиерлигашот.

-Сите мислат дека Сити ќе победи, но внимавајте на Интер. Како прво, се може да се слуши во ЛШ и тоа не е клише. Се е комплицирано кога играте против тим како Интер со јасен идентитет, пет дефанзивци, тројца играчи на средината на теренот и двајца напаѓачи. Интер добро се брани и напаѓачите му помагаат на тимот.

-Ние двапати се соочивме со нив сезонава и се мачевме. Можеби не доздаваат многу шанси, ама тие ќе играта со двајца напаѓачи против двајца дефанзивци на Сити и мислам дека можат да му наштетат на премиерлигашот во оваа ситуација. Сè може да се случи, -порача Серхио за „Газета Дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни