Поврзете се со нас

Европски првенства

Бускетс се налути и дрско му одговори на Ван Дер Варт: Го загубил разумот…..

Објавено

на

Рафаел Ван дер Варт ги разбесни шпанските фудбалери и новинарите од оваа земја со изјавата која ја даде за оваа селекција, посакувајќи ги избраниците на Луис Енрике во елиминациската фаза за неговата Холандија.

Поранешниот холандски репрезентативец сигурно не ја памети по добро „фуријата“ бидејќи загуби во големото финале на Светското првенство во 2010-та година, но тој сега тврди дека оваа Шпанија е безопасна и посакуван противник за секоја селекција, вклучувајќи ја и Холандија која победи на трите меча во групата.

– Шпанците се ужасни, навистина ужасни, се надевам дека ќе играме против нив. Немаат ништо во овој тим, едноставно само додаваат од една на друга страна, немаат ни фудбалер кој знае да испрати одлучувачко додавање, – изјави Ван дер Варт.

Оваа негова изјава прво ја искоментира Коке кој испрати ниска провокација, но оваа вечер се јави и капитенот на селекцијата, Серхио Бускетс.

– Кога употребувате такви зборови во јавноста, тоа значи дека го губите разумот. Не разбирам како еден поранешен фудбалер, се става во ситуација да добие слава поради неколку минутно излагање во телевизија. Тоа е страшно лошо.

– Си прави лошо на сам себе. Јас можев да го оспорувам како играч поради работи кои сум ги направил на теренот против него, имам што да му набројам, но нема да го правам тоа. Јас не сум како него, јас имам почит кон сите колеги, – порача Бускетс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни