Шпанија
Бускетс призна која е негова омилена дестинација: Се уште не сум потпишал ништо

Серхио Буксетс и натаму игра многу важна улога во шпанската фудбалска репрезентација и тој е човекот кој ја носи капитенската лента, но 34-годишниот играч за врска се уште го нема решено својот клупски статус за наредната натпрварувачка сезона.
Шпанските медиуми веќе информираа дека Серхио не се гледа себеси во Барселона следната сезона и мали се шансите да потпише нов договор, бидејќи актуелниот му истекува на почетокот на летото во 2023-та година.
Иако е максимално насочен на случувањата на мундијалот, Бускетс не можеше да го избегне прашањето од новинарите поврзано за неговата иднина, при кое само потврди дека негова најатрактивна дестинација е МЛС лигата и Интер Мајами.
– Немам донесено одлука каде ќе играм наредната сезона. Веќе го кажав ова повеќе пати и почнувам да се повторувам. Знам дека оваа е мојата последна година од договорот со Барселона и доживеав многу нешта во клубот.
– Немам ништо потпишано, но до февруари сакам се да биде јасно и да имам донесено одлука. Со Интер Мајами ме поврзуваат откако се изгради оваа франшиза. Ми се допаѓа Америка, особено Мајами и сметам дека МЛС лигата станува атрактивна. Сепак, ништо не сум преговарал со никого, прв кој ќе дознае нешто за мојата иднина ќе биде клубот, – изјави Бускетс.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Англијапред 24 часа
Фердинанд го охрабрува Челси да го урне трансфер рекордот: Тоа ќе биде лудо добар потег