Поврзете се со нас

Шпанија

Бускетс по поразот на Барселона: Заспав на секунда и ме ограбија

Објавено

на

Поразот на Барселона од Рајо Валјекано дојде веднаш по загубеното „Ел Класико“, а истиот не го „преживеа“ тренерот Роналд Куман кој заработи отказ од раководството.

Капитенот Серхио Бускетс по средбата признал дека неговата грешка била клучна, иако во продолжение неговите соиграчи не реализираа неколку шанси, па и пенал кој го одбрани македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.

– Заспав на секунда и тие ме „ограбија“. Тргнаа во контра и добро ја завршија. Голот е моја грешка и плативме скапа цена поради истата.

– Ова е тешко место да се игра, а посебно кога имате негатива. Не игравме толку лошо, но работите не одат во наш прилог, вклучувајќи го и фактот дека не постигнуваме голови.

– Имавме шанси во второто полувреме, тука беше и пеналот. Ни недостасуваат многу работи, вклучувајќи ја вербата и концентрацијата, а често правиме и грешки, – изјавил Бускетс.

Официјално: Барселона му врачи отказ на Куман во авион! (Фото)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни