Поврзете се со нас

Свет

Бускетс настрада по груб старт на фудбалер на Кобе (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/InterMiamiCF

Серхио Бускетс беше меѓу стартерите на денешниот пријателски натпревар меѓу Висел Кобе и Интер Мајами, но мораше да го напушти теренот уште во првото полувреме.

Шпанецот беше жртва на грубиот старт на противнички играч, за кој немаше соодветна казна, по што беше заменет од тренерот Тата Мартино, кој на денешниот дуел сметаше на Лионел Меси во вториот дел.

Повредата на Бускетс доаѓа во пресрет на почетокот на новата сезона во МЛС, но засега не е јасно со колку пауза ќе помине екс играчот на Барселона.

Интер Мајами го загуби денешниот дуел на пенали, а интересно Меси не бил меѓу изведувачите за својата екипа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни