Бускетс: Мора да се адаптираме на новите барања на Сетиен

buske-maksi

Двата минимални триумфи над Гранада и Ибица во Копа Дел Реј отворија многу сомнежи за прикажаната игра на Барселона, а потврда за тоа дека тимот не е баш во најоптимална форма добивме денеска за време на дерби мечот на „Месталја“.

Барса загуби со 2:0 од Валенсија и покажа огромни знаци за загриженост, особено во играта во одбраната бидејќи домаќинот беше опасен при секоја загубена топка на играчите за врска на гостинскиот тим. Кике Сетиен по крајот на средбата призна дека неговиот тим бил многу лош во првото полувреме, а по дербито на „Месталја“, се јави и еден од актерите на теренот.

Серхио Бускест смета дека ќе биде потребно малку време за играчите да се адаптираат на новиот стручен штаб, односно на барањата кои ги има новиот тренер Сетиен.

– Се подобривме за време на натпреварот и знаевме да ги коригираме грешките од првото полувреме. Кога бевме најдобри на теренот, примивме гол на стартот на вториот дел. Имавме добри шанси за израмнување, но кога ни дадоа втор гол, се беше потешко. Ни фали да бидеме поконкретни при правењето акции, но потребно е време да се адаптираме на новиот тренер. Мора да се адаптираме на новите барања. Не станува збор за голема промена, но сепак е промена, – изјави Бускетс.

Facebook Коментари